На предсезоната во САД, тренерот на Манчестер тргна со непознати луѓе - скоро цел прв тим одмораше после Светското (12 учесници од Манчестер - Матиќ, Фелаини, Погба, Јанг, Линделеф, Рохо, Де Хеа, Фред, Лукаку, Лингард, Џонс, Рашфорд), трансфери тогаш не направија, а според Daily Mail извршниот директор на клубот Ед Вудворд цели 17 дена не разговарал со Мурињо. Сè до овој момент:
Оваа кратка средба во ходник ништо не смени: до крајот на трансфер преодниот рок Мурињо не доби од клубот нов стопер, иако цело лето барал засилување.
Притоа потсетивме на проклетството на трета сезона на иста клупа за Жозе Мурињо.
ШТО БАРАЛ МУРИЊО ОД КЛУБОТ ЛЕТОВО?
Уште во месец март „The Special One“ му доставил на Ед Вудворд список од 5 играчи кои би сакал да ги види во тимот. Според Independent тоа биле:
- двајца бекови (Валенсија и Јанг се ветерани);
- еден стопер (Смолинг, Рохо, Џонс и Линделеф не се по ќејф на Мурињо, а Баји често има здравствени проблеми);
- вреден работник на крило (или Вилијан или Перишиќ);
- и, на пример, централен дефанзивец.
Пред август Мурињо барал двајца новајлии и се надевал дека барем едниот ќе биде стопер.
ШТО ДОБИ ОД КЛУБОТ?
- Работите почнаа добро: во јуни Вудворд не жалел 50 милиони за Фред (на фото долу) и 20 милиони за 19-годишниот десен бек Диого.
И тоа било се. До крајот на преодниот рок кој заврши синоќа на полноќ на Мурињо му ги донесоа голманот Ли Грант (трет голман зад Де Хеа и Ромеро).
Ниту еден стопер за кој Манчестер се интересирал не стигна на „Трафорд“ (Алдервирелд, Магваер, Боатенг, Мина, Годин, Варан).
КОЈ Е ЕД ВУДВОРД СО КОГО МУРИЊО Е ВО КОНФЛИКТ?
Едвард Ед Вудворд студирал физика на Универзитетот во Бристол. Втора специјалност му е сметководство и благодарение на неа Вудворд уште на крајот на ’90-те почнал кариера.
На почеток на 2000’-те веќе работел како банкар во JP Morgan, и во 2005-та им помогнал на Глејзерови да го купат Манчестер Јунајтед.
Вудворд им се допаднал многу на Американците, го викнале во клубот и во 2007-ма го поставиле за директор. Во следните 5 години приходите на Манчестер од спонзорства и други комерцијални операции се зголемил двојно.
Во 2012-та Вудворд напредувал до потпретседател а после една година го заменил Дејвид Гил и стана најодговорен за трансферите во клубот.
За тоа време Манчестер Јунајтед ги купи 8-те најскапи играчи во својата историја (Погба, Лукаку, Ди Марија, Фред, Матиќ, Мата, Марсијал и Линделеф), но не ги усреќи ни своите тренери ни навивачите.
Основна карактеристика на Вудворд е тоа што тој е далеку од фудбалот. Една година работа со Фергусон и постојаните средби со Боби Чарлтон се испоставиле за недоволни.
„Ако говориме чесно и искрено, играта на тимот многу не влијаеше на комерцијалната страна на нашиот бизнис“, изјавил Вудворд во мај на собирот на акционерите во Манчестер Јунајтед.
И летово наместо три играчи кои ги барал Мурињо, Манчестер заклучи договор со три нови партнери (американскиот концерн Kohler, букмејкерската компанија MoPlay и вискито Chivas Regal).
Ед Вудворд ретко запаѓа во големи скандали и со никој јавно не се расправа. Една од неговите три канцеларии се наоѓа во тренинг базата на Манчестер во Карингтон така што тој како потпретседател чесо руча заедно со играчите и обичните работници во клубот.
КАКОВ Е ОДНОСОТ НА ВУДВОРД И МУРИЊО?
До летово сосема нормален. Никој и никогаш не ги видел заедно во паб, но тие веќе две години заедно се гледаат и слушаат секојдневно (понекогаш и по видео-врска која е воспоставена во секоја канцеларија на Вудворд).
Во јануари Мурињо потпиша нов договор со Манчестер до 2020 година (со опција за продолжување на уште една година) и тогаш имаа најдобар однос.
Во април годинава пред полуфиналето на ФА Купот со Тотенхем, Мурињо добил смс порака од Вудворд и за тоа раскажал на BBC. Во пораката пишувале дека „ние изгубивме, ама сезонава е најдобра досега“.
ШТО ТРНАЛО КАКО НЕ ТРЕБА?
Во односот меѓу Мурињо и Вудворд има стандардни методи на притисок меѓу газда и вработен. Минатата есен кога преговорите за новиот договор не оделе како треба, Мурињо прво дал интервју за францускиот канал TF1 во кое раскажал дека сигурно нема да ја заврши кариерата во Манчестер.
После тоа, новинарот Данкан Кастлс од Daily Record кој тврди дека е близок со Мурињо напишал дека Португалецот е незадоволен од Вудворд и дека може да замине. После пар месеци договорот беше продолжен.
До летово Вудворд му ги исполни сите желби на Мурињо. Според Goal.com во првото лето на Мурињо му ги купиле сите 4 играчи кои ги барал (Погба, Михтарјан, Баји и Ибрахимовиќ). Во второто лето тројца од четворица кои ги сакал (Лукаку, Матиќ и Линделеф; не го добил само Перишиќ).
- Летово Вудворд првпат не падна под притисокот на Мурињо и не сакал по секоја цена да му го донесе потребните фудбалери. Според Guardian, управата на Јунајте решила дека стоперите кои Мурињо ги барал не се подобри од тие кои ги има во тимот и вределе толку пари.
Во најголем дел од случаевите Вудворд не ни почнувал преговори или се откажувал во рана фаза.
Освен тоа Мурињо и Вудворд не се согласувале за некои играчи во екипата. Главен пример е Антони Марсиал од кого Мурињо сакал да се откачи и кого го бараа Тотенхем и други клубови. Вудворд одбил да го продаде Французинот. Слична историја имаа и со Лук Шо, како и со Пол Погба.
КОЈ Е ПОВЕЌЕ ВИНОВЕН - ВУДВОРД ИЛИ МУРИЊО?
По се изгледа дека двајцата сосема различно ги оценуваат трансферите. Како што пишуваше Independent, летово Вудворд предлагал да тргнат по Мбапе, по Нејмар или по Бејл - глобали суперѕвезди со големи комерцијални можности. Освен тоа Ед го сакал и Кристијан Пулишиќ, американскиот репрезентативец кој би го зголемил пазарот во САД.
Вудворд е горд на трансферот на Алексис Санчез: продажбата на дресови на Чилеанецот дури три пати го зголемила рекордот на клубот во месец јануари.
Освен тоа потпретседателот на Манчестер сака да пресметува, долго го анализира секој трансфер и не сака да плати повеќе пари за играч во години поради малиот потенцијал да заработат од препродажба.
Португалецот обично не сака да работи со клинци и со каприцни суперѕвезди - тој сака проверени и полезни борци. Порано или подоцна идеолошките разлики меѓу Мурињо и Вудворд мораше да се судрат во преоден рок.
Мурињо сакал играчи кои можат веднаш да му бидат од помош, а Вудворд и клубот сакаат долгорочни планирања.
„Она што секогаш ме чудело во Јунајтед е нивниот општ поход по трансфери. Без ред се. Просто го сакаат секој играч за кого сите се интересираат. Таму нема нормална стратегија. Бараа стопер и веднаш после Светското тргнаа по Хари Мегваер - а не слушав претходно дека се интересираа за него. Освен тоа, тој не е играч за Мурињо“, пред неколку дена за Sky Sports изјавил Џејсон Берт, новинар на Telegraph.