Тренерите од Серија А во фудбалски тим

Многу тренери кои во моментов се дел од италијанско првенство се поранешни фудбалери, освен Сари од Наполи. Ако треба сега да состават екипа од 11 души тоа би изгледало вака, само веројатно ќе треба да играат 2x20 минути.

Формацијата би била 3-5-2 со позајмен голман и згуснат и силен среден ред, смета Газета дело Спорт.

Голман

Во еден ваков пакет фали голман, бидејќи во моментов ниту еден од тренерите во Серија А не бил порано голман. Затоа на голот ќе мора да оди Валтер Ѕенга кој беше тренер во Италија.

Одбрана

Тие што пратат фудбал барем 10 години, тогаш ги паметат овие тренери како играчи. Триото во одбрана би било составено од тренерите на Пескара, Интер и Торино или Масимо Одо (екс играч на Лацио, Милан, Баерн Минхен), Франк Де Бур (Ајакс, Барселона) и Синиша Михајловиќ (Лацио, Интер и други екипи).

Среден ред

Во средина по десна страна е стратегот на Јуве Масимилијано Алегри, по лево тренерот на Сасуоло, Еузебио Ди Франческо. Централно Паоло Соуса од Фиорентина со Џузепе Јакини од Удинезе и Роберто Донадони од Болоња. Инаку Јакини порано бил одличен играч од среден ред и играл во Куп на УЕФА со Верона во сезоната 1987/1988.

Напад

Овој дел од тимот е големо изненадување бидејќи заедно би биле двајца играчи кои беа дел од големите градски ривали, Рома и Лацио, Винченцо Монтела од Милан и Симоне Инѕаги од Лацио кој го тренира клубот каде беше играч.