Таг: тренери

Англиските тренери се тешки лузери во последните 30 години

Тезата дека за силна репрезентација потребна е квалитетна лига во Англија не важи. Англичаните го измислија фудбалот, а освоија само едно Светско првенство и ниту едно Европско. Тоа што го остварија пак нивните стратези во меѓународни рамки од 87-ма до сега е уште поголем срам.

Тренерите од Серија А во фудбалски тим

Многу тренери кои во моментов се дел од италијанско првенство се поранешни фудбалери, освен Сари од Наполи. Ако треба сега да состават екипа од 11 души тоа би изгледало вака, само веројатно ќе треба да играат 2x20 минути.

Кои беа тренери во Серија А кога Венгер пристигна во Арсенал

Арсен Венгер и Арсенал слават 20 години како се заедно. Се радуваа на 3 титули во Премиер лига и по 6 во ФА куп и Комјунити Шилд. Одиме во таа 1996-та година да видиме кои ликови држеа тренерски места во Италија. Ги има многу познати.

Битно Англија држи тренеришта

Дел од тренерите во Премиер лига, сезона 2016/2017:

Кој тренер потрошил најмногу во последните 10 години?

Водечки тренери во моментов во Европа се Мурињо, Пелегрини, Анчелоти, Манчини, Гвардиола, Бенитез, Ван Гал, Венгер, Роџерс, Алегри, Блан, Биљаш-Боаш и Луис Енрике. Еве кој од нив колку потрошил во последната деценија како тренер на големите европски клубови.

Газдите во Премиер лига сезонава имаат најмногу трпение

За разлика од минатата сезона клубовите во најсилните европски лиги отпуштаат помалку тренери. На островот не избркаа ниту еден, а во француското првенство само еден тренер остана без работа.

Мурињо има 111 пати поголема плата од третолигашите

Португалецот е платен два и пол пати повеќе од Мануел Пелегрини на кој газдите му се Шеици.

Драмење под трибините

Случувањата покрај теренот често се поинтересни од самиот натпревар, па така Мурињо, Венгер и Андре Виљаш-Боаш неколку пати беа главни во кадарот поради нивните реакции.

Едни по скудето, други по Европа, трети за опстанок

Во новата сезона 2014/15 во Серија А, од вкупно 20 тренери, најмлад е Страмачони, најтрофеен Бенитез, најстар Земан, а дебитираат Пипо Инзаги со Милан и Маурицио Сари со Емполи. За сега се потврдени 15 стратези кои ќе стартуваат на 31 август.

Сите тренери во ерата на Берлускони

Со неговото доаѓање во Милан во 1986 година, уште веднаш за потпретседател го назначи Адријано Галијани кој е задолжен да брка засилувања, но како газда на клубот тој влијаеше во изборот на тренерите, а на некои им солеше памет за тактика.

Отпуштањето на Мојс не смени ништо

И со него и без него Манчестер Јунајтед не мрдна погоре од седмото место и по долги години нема да го гледаме на ниту едно европско натпреварување. Тренерските промени не носат резултати и во многу други вакви случаи.

Ди Канио лузер, Пулис херој

Сезонава во Премиер лигата девет клубови направија тренерска смена, а само Фулам го менуваше тренерот два пати. Петмина од нив освоија повеќе бодови од своите претходници.

Премиер лигата е малер

Предупредување за менаџерите во Премиер лигата. Ако ве викнат на сликање за промоција на новата сезона, никако да не одите!

Проклетството на помошниците на Фергусон

Во текот на својата долга и трофејна кариера, Алекс Фергусон имаше голем број помошници, но ниту еден од нив не успеа да излезе од сенката на својот шеф и да направи успешна кариера како главен тренер.

Серија А е најтешка за опстанок на тренерите

Газдите на италијанските клубови имаат помалку трпение за разлика од Премиер лигата и шпанската Примера. Оваа сезона тие отпуштија девет тренери, од кои три минатата недела, а првенствата се стигнати само до средина.

Најуспешните млади тренерски имиња

За стручњаците обично велиме дека треба да имаат искуство за да го работат фудбалскиот занает. Но во последните години ова непишано правило се помалку важи. Toa го докажа Гвардиола кој се радуваше на 14 трофеи со Барселона и Вилаш Боаш кој со Порто ја освои Лигата на Европа на само 33 години.

Кога тренерите ќе полудат

Освен фудбалерите на теренот и тренерите на клупите се под огромен притисок, а и тие се само луѓе и знаат понекогаш да „одлепат". Емоции, бес, радост, агресија...

Бенитез и Мацари најплатени тренери во Серија А

Во период кога италијанското фудбалско првенство го напуштаат многу ѕвезди кои печалат повеќе во некои од топ 5 најсилните европски лиги, во новата сезона на чизмата причина за насмевка имаат стратезите. Нивните плати рипаат за 28%.

Голманите не ги бива за тренери

Анализата на листата на најдобри фудбалски тренери на сите времиња вели дека само еден од Топ 50 тренери додека се уште бил активен на терените бил голман. Најдобро во тренерскиот занает се снаоѓаат оние што играле во среден ред.

Големите тренерски промени

Мурињо, Фергусон, Манчини, Бенитез, Гвардиола. Долгиот летен преоден рок е пред нас, а веќе на европската фудбалска сцена се случија еден куп промени на "жешките" тренерски столчиња и тоа во дел од најголемите гиганти во фудбалот.

Данок за странски тренер

Руската фудбалска федерација објави дека од јуни, сите клубови од оваа земја ќе треба да плаќаат дополнителен данок доколку имаат странски тренере. Да биде иронијата поголема, последните двајца селектори кои ги најми истата таа федерација се странци.

Рекордни отпуштања во Англија

Во текот на оваа натпреварувачка сезона дури 40 проценти од клубовите ги прекинале договорите со тренерите. Статистички гледано оваа сезона си заминале најмногу тренери во однос на претходните 6 години.