Англиските тренери се тешки лузери во последните 30 години

Тезата дека за силна репрезентација потребна е квалитетна лига во Англија не важи. Англичаните го измислија фудбалот, а освоија само едно Светско првенство и ниту едно Европско. Тоа што го остварија пак нивните стратези во меѓународни рамки од 87-ма до сега е уште поголем срам.

Налетавме на две табели кои човек кога ќе ги погледне од прва, нема да му се верува што гледа. Затоа ги гледавме подолго време со надеж дека можеби тоа што го гледаме не е точно.

Одиме со првата каде се прикажани првите 4 места на табелата во најсилните 6 европски лиги. Се работи за конечниот пласман на клубовите кои завршиле на челните 4 позиции во последните 10 години, под водство на менаџери од Англија. Резултатот е за неверување.

Само еден тренер од островот успеал да заврши во топ 4 во последната деценија, а тоа е Хари Реднап со Тотенхем во сезоните 2009/2010 и 2011/2012, други нема.

Втората табела не само што ги потврдува нивните неуспеси како тренери, туку и им ја зголемува уште повеќе тежината. Само еден англиски тренер успеал да освои европски трофеј од 1987-ма до сега.

Тоа е Боби Робсон кој со Барселона во 1997 година го освои Купот на Куповите на победниците. Периодот пак од 1956-та до 1985-та покажува нешто сосема спротивно. Во тие три декади Англичаните се број 1 со 24 пехари во Европа.

Тоа е доказ дека во последните 30 години Англија произведува тренери со ужасно лоши успеси или едноставно речено, не ги бива.

Инаку Англија е трета по вкупниот број на европски трофеи, втора е Шпанија која има само два помалку од Италијанците кои се лидери на табела. Најуспешниот период за нив е од 1987-ма до 1996-та кога нивните стратези се израдувале на 16 меѓународни трофеи.

Што се однесува до нивната репрезентација, најдобриот пласман кој го оствариле во последните 20 години на Мундијалите им е четвртфинале, ама не со Англичанец, туку со Свен Горан Ериксон кој ги однесе во топ 8 на СП 2002 и 2006.

Со Швеѓанецот беа во четвртфинале и на ЕП 2004, исто како и со Рој Хоџсон на ЕП 2012.

21 декември 2016 - 14:56