Листата на најдобри тренери во историјата на фудбалот ја има составено ирскиот новинар Мигуел Делејни, а рангирањето е направено врз основа на освоените трофеи и важноста на натпреварувањата каде се освоени трофеите.
Од 50-те најдобри тренери на сите времиња, за двајца нема прецизни информации на која позиција играле пред да се пензионираат и да преминат во тренерските води.
Со анализа на листата, може да се заклучи дека голманите не се добри тренери, односно во најдобрите 50 има само еден поранешен голман - Рајмон Гуталс, тренерот кој го предводеше Олимпик Марсеј до титулата од Лигата на шампиони во 1993-та година.
Најдобро им оди на фудбалерите од средниот ред. Дури 48% од најдобрите 50 тренери играле во среден ред. 26% се дефанзивци, а напаѓачи биле 20%.