Масимилијано Алегри од Милан, Давиде Никола од Ливорно и Луиџи Де Канио од Катанија се последните три имиња кои останаа без тренерски ангажман во текот на оваа сезона во италијанскиот фудбалски шампионат.
Истата судбина сезонава ги снајде и Фабио Ливерани (Џенова), Делио Роси (Сампдорија), Џузепе Санино (Киево), Владимир Петковиќ (Лацио), Стефано Пиоли (Болоња) и Роналдо Маран кој беше еден од двајцата тренери кои кратко издржаа сезонава на клупата на последно пласираната Катанија.
Еден од потрпеливите претседатели во Италија е Силвио Берлускони кој пред отпуштањето на Алегри, претходниот стратег на кој му врачил отказ е Фатих Терим во сезоната 2001/2002, кога на негово место дојде Карло Анчелоти.
Најнепредвидлив е газдата на Палермо, Маурицио Ѕамперини кој е рекордер со 29 отпуштања за 11 години. Последната негова жртва беше Џенаро Гатузо кој на клупата на сицилијанскиот тим во Серија Б издржа само шест кола.
Најтешка за "преживување" беше 2011/2012 кога до крајот на сезоната се забележани дури 20 отпуштања, кога екипите на Интер, Новара и Палермо смениле по двајца, а Џенова тројца тренери.
Истата сезона била тешка за тренерите и во Шпанија каде биле врачени 12 откази. Но челните луѓе на клубовите во шпанското и англиското првенство за разлика од Серија А оваа сезона имаат многу поголема доверба во стручњаците кои ги ангажирале.