Почнувајќи од 1 јуни, сите клубови од руската Премиер лига кои на својата клупа имаат тренер кој не е државјанин на Русија, ќе мора еднократно да платат данок во висина од 5 милиони рубљи (122.000 евра). Клубовите од првата лига ќе плаќаат по 2,5 милиони рубљи, стои во соопштението на руската фудбалска федерација.
Правилото ќе се премиенува дури и за тренерите со двојно државјанство, а парите ќе се наменат за поддршка на младинскиот фудбал. Според челниците на федерацијата, оваа одлука ќе помогне за подобрување на рускиот фудбал.
Иронично, но истите овие луѓе од Фудбалската федерација на Русија за селектор на нивната репрезентација го најмија Италијанецот Фабио Капело, а претходно предводник на репрезентацијата беше Холанѓанецот Дик Адвокат.
Во моментов дури 9 од 16 тренери на клубовите од руската Премиер лига се странци.