Мурињо има 111 пати поголема плата од третолигашите

Португалецот е платен два и пол пати повеќе од Мануел Пелегрини на кој газдите му се Шеици.

Асоцијацијата на тренери во Англија направи истражување за тоа кој колку е платен, но споредбата и не е баш благодарно да се прави меѓу стучњаци кои тренираат екипи во лига која врти 5,5 милијарди фунти од тв права и оние во далеку помалите клубови.

Податоците покажуваат дека Жозе Мурињо е најплатено тренерско има на островот со годишна плата од 8,37 милиони фунти, а врвот од листата се наоѓаат неговите колеги од топ 5 најсилните клубови во Премиер лигата.

Во просек годишна плата на тренер во најсилното англиско првенство изнесува 3 милиони фунти, во третата англиска лига 75.000 фунти, а оние во четврта лига се платени по 50.000 годишно.

Истражувањето покажува дека само 4,4 проценти од тренерите биле црнци во англискиот фудбал почнувајќи од сезоната 1992/1993. Единствените двајца во моментов се Крис Паул на второлигашот Хадерсфилд и Кеит Курле кој е тренер на Карлаил Јунајтед од четвртата лига.

29 октомври 2014 - 17:07