Од 2011-та година кога го освоија последното Скудето и воопшто последниот трофеј, Милан се мачи да си го пронајде идентитетот и играта. Назначи 6 тренери за две и пол години, а со последниов кој има 42 години и скромен 5 годишен тренерски стаж, работите тргнаа на добро.
Милан освен тоа што по 14 кола сезонава има 9 победи и е на -4 од лидерот Јувентус, има и други бројки со кои може да се пофали. Со играчи кои имаат сомнителен квалитет за да го носат дресот на Милан и кои се без ниту еден трофеј во кариерата, Винченцо Монтела направи нешто на кое секој газда на клуб би славел.
Тоа е следно. Пред Монтела, составот на Милан вредеше 163,3 милиони евра, сега знаете колку вреди? 328 милиони или двојно повеќе.
Најскапите фудбалери на Милан се Донарума и Ромањоли кои доколку некој ги сака во пакет, ќе треба да извади 100 милиони евра, потоа следува Бака со 30 милиони, па Де Шиљо со 25, а Бонавентура и Сусо вредат по 20.
Дури 20 играчи на Милан од вкупно 28 имаат поголема вредност откако тренер им е Винченцо Монтела, кој сè уште го чека првиот трофеј во кариерата.
Со црно е вредноста на играчите пред Монтела, со црвено откако е тој тренер, а со зелено е разликата.