Наката не беше ризик за Рома, затоа што веќе одигра една сезона во Серија А, даде десет гола во првата година и ја спаси Перуџа од испаѓање во Серија Б. Тоа беше причина претседателот Франко Сенси да загризе за него.
Со влегувањето во новиот милениум, Хидетоши Наката во Италија стана симбол за потрошени пари. Римската волчица на семејството Гаучи, сопственици на Перуџа им исплати 30 милијарди лири и освен популарност на јапонскиот пазар, Рома во стартот не доби за возврат ништо друго a за него се ослободи од Русинот Дмитриј Аленичев.
Во ситуација кога во првите 11 на Рома незаменливо беше триото странци Кафу-Самуел-Батистута, Наката често седеше на трибините и чекаше погоден момент во италијанскиот фудбал да се прошири бројот на странци кои можат да играат во првиот состав на еден натпревар. Позицијата на која играше Наката беше затворена од Франческо Тоти, кој беше тешко да седне на клупата во периодот кога го играше најдобриот фудбал во кариерата.
За речиси 16 месеци во Рома, Наката на теренот влезе против Удинезе кога Тоти беше казнет а Самуел повреден. Со докажаната ориентална трпеливост, Наката ја прифати состојбата и чекаше погоден момент да блесене.
Тоа се случи на 6. мај 2001. година, за време на директниот дуел со Јувентус за титулата. Рома имаше 6 бодови предност и евентуален пораз, ќе ги доближеше Јувентус и Лацио до првото место. На 4. мај 2001 година, два дена пред дербито во Торино, италијанската фудбалска федерација го смени правилото за странци и покрај тројца странци на теренот, екипите можеа да имаат и тројца странци на клупата. Рома го искористи тоа и ги стави Асунсао и Наката на клупата против Јувентус.
Јуве под водство на Анчелоти имаше златна шанса да победи на домашен терен. По само 6 минути бјанконерите водеа 2:0 со головите на Дел Пиеро и Зидан и борбата за титулата одново се отвори. Тоти на теренот, Наката на клупата, иако пред само неколку дена можеше да си остане на трибините на Комунале.
На полувремето, Монтела влезе место Делвекио, а Наката наместо Франческо Тоти. Токму тие двајца беа творци на ремито кое му донесе титула на римскиот клуб. Најпрвин Јапонецот со еврогол во 80' минута намали на 2:1 (тогаш се појавија гласините за миопиата и слабиот вид на Ван дер Сар). Винченцо Монтела во 90' минута искористи една одбиена топка и израмни на 2:2, по што почна славјето на титулата за Рома.
На крајот се испостави дека голот на Наката беше подрагоцен од 30 милијарди лири, потрошени на негов ангажман.
Лична Карта: Хидетоши Наката
Роден: 22. јануари 1977 година во Кофу (Јапонија)
Позиција: Играч од средината на теренот
Кариера: Белмар Хиратсука, Перуџа, Рома, Парма, Болоња, Фиорентина, Болтон
Репрезентација: Јапонија, 77 настапи, 11 голови.
Роден: 22. јануари 1977 година во Кофу (Јапонија)
Позиција: Играч од средината на теренот
Кариера: Белмар Хиратсука, Перуџа, Рома, Парма, Болоња, Фиорентина, Болтон
Репрезентација: Јапонија, 77 настапи, 11 голови.
Останати стории од јануарскиот преоден рок во Серија А: