Кога Нагатомо со мотор брзаше да потпише со Интер

Во јануари 2011. година преодниот рок во Европа се затвораше и нероаѕурите ја привршуваа позајмицата на Јапонецот од Чезена. Да стигне на време, Нагатомо тргнал со мотор за Милано.

Доволен ќе беше еден семафор на црвено повеќе и Јуто Нагатомо немаше да игра за Интер. Целиот настан потекнува од решителноста на јапонскиот бек да потпише за овој клуб, во моментот кога гонгот за крај на преодниот рок требаше да удри. Во јануари 2011. година, Интер само што се врати од Светското клупско првенство доби нов тренер. На местото на Рафа Бенитез дојде Леонардо, кој по Пацини и Ранокија сакаше да го донесе и Нагатомо.
 
Проблемот беше во тоа што Нагатомо неколку дена претходно потпиша договор со Чезена и поради бирократската процедура, не успеа навреме да потпише со Интер. Во ситуација кога часовникот истекуваше, Интер мораше да смисли нешто и го даде Давиде Сантон на позајмица, за да на ист начин го донесе Јуто Нагатомо. За откупување на договорот требаше да се чека до следното лето, така што за позајмицата беше доволен само потпис и ракување со спортскиот директор.

Кога сè изгледало договорено, се поставило прашањето кој ќе ги однесе документите во Lega Calcio (Заедница на прволигашите), каде договорот треба да биде потврден и Нагатомо да стекне право на настап. На само неколку минути пред затворање на преодниот рок, во миланскиот сообраќаен метеж, некој викнал „Со мотор“, по што спортскиот директор на Интер, Марко Бранка и Нагатомо се решиле на веспа да отидат во седиштето на Заедницата на прволигашите, затоа што така побрзо ќе стигнеле.
 
Договорот бил потврден буквално во пет до 12 и Нагатомо следниот ден беше промовиран во ново засилување на Интернационале.
 
Лична карта: Јуто Нагатомо
Роден: 12 септември 1986-та во Саиџо (Јапонија)
Позиција: лев/десен бек
Број на дрес:55
Кариера: Токио, Чезена, Интер
Репрезентација: Јапонија, 79 настапи 3 голови.
20 јануари 2015 - 13:40