Фудбалерите често прават шпански серии на социјалните мрежи, каде јавноста може да открие какви се нивните планови за во иднина. Така Балотели на Твитер објави дека го напушта Милан, откако напиша This is the end, а дека Кристијано Роналдо ја прекинал 4-годишната врска со Ирина Шаик се зборува откако таа престанала да го следи на Твитер и не се појави на доделувањето на Златната топка во Цирих.
Интер во 2013. година соопшти дека поради слабите резултати на екипата, ќе ги намали платите на сите фудбалери. На Весли Снајдер му беше понуден нов договор со пониска плата, по што Холанѓанецот одби да го потпише. Миланскиот клуб го дистанцираше од составот, а дека се ближи крајот се дозна кога Снајдер твитна „За оние што ме прашуваат дали сум повикан за натпреварот, не сум повикан!
Неколку дена подоцна на Снајдер му беше забрането да го користи Твитер, па во негово име пишуваше жена му Јолант Кабау. Следуваше состанок на Снајдер со претседателот Масимо Морати, на кој решија плејмејкерот да продолжи во Галатасарај. По неколку дена шпекулации дали оди или останува во Интер, неговата сопруга на Твитер постираше на турски јазик.
За Снајдер во моментов најзаинтересиран е Јувентус, така што навивачите на Старата дама сигурно ја следат Кабау на Твитер.