Неверојатни подеми и падови го следат Бонучи во репрезентацијата на Италија. Просто човек да не поверува.
Во 2016-та година на Европското во Франција, во четвртфинале Германија води 1-0 против Италија од 68-ма минута со гол на Озил. Во 75’ минута Леонардо Бонучи израмнува на 1-1 од првиот негов пенал изведен во тек на регуларен дел во кариерата. Никогаш претходно не извел пенал.
И мечот оди во пенал-лотарија. А таму стоперот на Јувентус промашува и Италија испаѓа на пенали.
Во една емисија на италијанска телевизија, Бонучи лани во 2020-та раскажал дека тој промашен пенал му е најтешка болка во кариерата. Без да знае што го чека годинава.
„На страна од игрите со Јувентус со кого уште сме на прав пат, моја најголема болка е вториот пенал против Германија на Евро 2016. Ќе ме боли засекогаш зошто јас дадов гол од пенал за израмнување во регуларен дел. Тоа беше прв пенал за мене во кариерата изведен во тек на еден натпревар. И добро испадна. И си реков, добро, сега како да го шутирам вториот? Зошто пред мене стоеше Нојер. -Помисли ли на Паненка? „Неее. Бев изгубен во мислите, во неодлучноста како да шутирам.
Јас сум научен да ги изведувам на подруг начин, ама после доаѓа еден момент кога си викаш: „Добро, еден претходно изведов на овој начин и добро испадна. Дали пак да шутирам исто? Стојам, стои и тој, и што правиме? Психолошка војна со голманот. Тогаш само требаше да одберам страна и да распалам силно без многу размислување. Тоа ми е голема жал што нема да биде лесно да ја преболам.
Како и да е, ми останува Евро 2020“