Стоперот на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи немаше пријатен кам бек на Сан Сиро, каде викендов играше меч од Лига на нации против Португалија. Навивачите на Милан го искористија неговиот репрезентативниот настап за да му свират поради тоа што по една сезона ги напушти и се врати во Јуве, а тој им реплицираше со дрска и арогантна изјава.