Џовани Ди Лоренцо, десниот бек на европскиот шампион Италија, носи големи заслуги за триумфот на тимот од Неапол.
Веднаш откако прими гол Салернитана тргна во опасен напад, а Кулибало го фаулираше шпицот Сими кој веќе избега далеку и заслужено доби црвен картон. Франк Рибери се местеше да го изведе слободниот удар, а Ди Лоренцо во последен момент направи нешто што обично се прави на видео игрите FIFA и PES.
Ова Ди Лоренцо најверојатно го презел затоа што голманот Давид Оспина со 1.83 сантиметри е еден од пониските голмани во Серија А. Имаше голема веројатност Рибери да го погоди десниот горен агол на Колумбиецот.
Овој потег е ризичен затоа што ривалите имаат многу други варијанти зошто избегнуваат офсајд.