Ваквата местоположба го прави ова гостување во монденската Венеција идеално за илјадници навивачи ширум Италија, претежно од Југот кои до тука понекогаш доаѓаат со траекти и бродови.
Оваа можност во вторник ја искористиле околу 750 тифози на Салернитана, тим од Салерно, град во јужна Италија. Салернитаните пред да дојдат во Венеција беа последни на табела и со нов тренер на клупата. Веруваа дека ветеранот Франк Рибери и соиграчите конечно ќе заиграат.
И така и се случи.
Иако Венеција поведе рано уште во 14’ минута, Салернитана во вториот дел направи целосен пресврт со головите на Федерико Бонацоли во 61’ и Андреа Скјавоне во длабоко судиско продолжение во 90+5’. Тифозите од Југот полудеа од среќа за победата далеку од дома, втора сезонска со која избегаа од самото дно кое сега го држи Каљари.
Салернитана има 7 бода на 10 меча (2-1-7) и ја очекува грчевита борба за опстанок во Серија А.
Бонус:
Гостување на Boys Parma во Венеција со траект:
Тифози на Порденоне во Венеција со полицајци на траектот: