Марио Манџукиќ
Гледајќи ја неговата посветеност кон фудбалот уште од мал, јасно е зошто е толку добар и зошто заврши во клуб како Баерн Минхен. Кога Марио требал да бира во кое средно школо да се запише, татко му Мато му рекол дека треба да оди во тоа кое му е најблиску до дома. Целта била да не губи многу време на пат, за да може што повеќе да го користи слободното време со топката. Но тие четири години очигледно дека бадијала ги потрошил затоа што се запишал во средно занаетчиско за плочкари, тема која со која не се фали во медиумите. Тој успешно од нив ја крие и неговата девојка Ивана со која не се појавува јавно, а на копачките има напишано две имиња, на едната нејзиното, а на другата неговото куче Лени.
Роберт Коваќ
Парот составен од фудбалер и манекенка е редовна појава, а во таборот на хрватската фудбалска репрезентација на таа тема најмногу може да се пофали асистентот на селекторот Нико Коваќ, неговиот брат Роберт. Тој е во брак со поранешната мисица Аника Коваќ, која во изборот за Мис во светот во 1995 година заврши како прва придружничка. Имаат три деца, а израснаа во Берлин.
Стипе Плетикоса
Чуварот на голот на Хрватска е голем верник Католик. Тој пред секој натпревар клекнува и се моли, затоа што верува дека тоа може да го заштити од повреди и да му донесе поголема концентрација. На секој меч под дресот носи маица со Света Богородица.
Дејан Ловрен
24 годишниот дефанзивец поседува модна куќа која се вика „Russell Brown“ од каде се облекуваат познати фудбалери. Од репрезентативните колеги во тој бренд може да ги видите Модриќ и Манџукиќ, а од Франција Бензема и Рибери. Соиграчите од Саутемптон се изначудиле кога дознале што прави во слободно време и кога го прашале од каде ја купи облекава, тој им одговорил дека не ја купил, туку дека сам ја произведува. Компанијата се наоѓа во Хрватска, а во неа има вработено осум луѓе и двајца дизајнери.
Едуардо да Силва
Доколку на отворањето на Светското, напаѓачот на Хрватска заигра на првиот меч против Бразил, тоа за него сигурно дека ќе биде голем и посебен ден. Деби на Мундијалите и тоа токму во и против земјата каде што е роден. Едуардо се пресели во Хрватска на 16 години, а пред да направи трансфер во Арсенал, талентот го покажа во Динамо Загреб. Тој е втор најдобар стрелец за Хрватска и се уште нема заиграно на Светско првенство.
Дарио Срна
Кога Шахтар Доњецк се пласираше во финалето од Лига Европа, Срна изнајмил чартер лет за 125 луѓе во кој ги смести роднините и пријателите од Хрватска за да го бодрат во живо. Во Украина тој често пати купува билети за фудбалски натпревари за деца без родители, а им ги плаќа и патните трошоци до стадион. Во една прилика тој им купил карти на 920 деца. Таткото на Срна бил сирак за време на Втората светска војна.