Членските карти на Алијанц Арена изнесуваат 60 евра за возрасни и 30 евра за малолетни, а Баерн Минхен има 250.000 официјални членови на клубот. Германскиот клуб има и посебна понуда за лицата од 17 до 25 години која изнесува 40 евра.
Според последната проценка, Баерн Минхен сезонава заработил околу 11 милиони евра од членарината која што ја плаќаат навивачите. Во истиов период лани, Баерн Минхен имаше 217.000 регистрирани членови, а лидер беше Бенфика со 224.000 членски карти. Во споредба со Баерн Минхен, Барселона има околу 177.000 регистрирани членови, Шалке има 130.000, а Борусија Дортмунд речиси дупло помалку од Баварците, 115.000 членски карти.
Баерн е прв во Бундес лигата, а успешно игра и во Лигата на шампионите, по што извршниот директор Карл-Хајнц Румениге соопшти дека е можно да му понудат нов договор на тренерот Пеп Гвардиола.
„Договорот на Пеп истекува во летото 2016.година. Знам дека тој е човек што нема да брза со одлуката за продолжување на договорот и затоа не сакам да му додевам со тоа. Кога и да сака, ние сме спремни да зборуваме за нов договор“, изјави Румениге.
Баерн во сабота од 18:30 го игра дербито против Баер Леверкузен, на домашен терен.