Дејвид Бекам во Престон Норт Енд (1 месец во 1995-та)
5 меча, 2 гола
Во февруари 1995. година сер Алекс Фергусон го пратил 19-годишниот Дејвид на позајмица во Престон Норт Енд. Бекс требал да помине еден месец во третата англиска дивизија и да заработи 400 фунти неделно + 50 фунти за секој настап на теренот.
Бекс бил во шок:
„Тоа е знак. Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од мене“. Првиот ден на Дејвид во Престон бил кошмарен. Менаџерот Гери Питерс ја собрал екипата и соопштил дека 29-годишниот лидер на Норт Енд, Пол Рејнор веќе нема да ги изведува слободните удари и прекините, наместо него тоа ќе го прави 19-годишното момче од Манчестер Јунајтед.
Сте требале да го видите лицето на Рејнор во тој момент - чисто злато за комедијантите. Вториот ден, после тренингот Бекс отишол во соблекувалната и го фрлил испотениот дрес на подот мислејќи дека ќе го соберат кабинерите во клубот. Се излажал и морал сам да го пере дома.
Меѓу веселите момци од Ланкашир бил и Дејвид Мојс, на кој Бекам му бил многу драг. На пример кога Престон се враќал од гостувањето во Ексетер во клупскиот автобус, бекот Реј Шарп приметил дека Дејвид чита статија за себе во весникот „Меч“. Шарп му го грабнал од раце и веднаш почнала зафрканцијата. Читал на глас: „Дејвид даде еврогол против Галатасарај и го прослави заедно со Ерик Кантона“. Малиот Бекс потонал во земја од срам.
За среќа по Бекс на теренот било малку поинаку. На своето деби за Престон, Бекам го заменил Пол Рејнор и набрзо дал гол од агол. „Седев на клупа и пцуев што ме заменија и после он прими една топка и даде еврогол од самиот агол. Морав да замолкнам“, се сеќава Рејнор на дебито на Бекам за Престон. Меѓутоа еден висок играч не мислел така. Стоперот на Престон Рајан Кид тврдел дека Бекам не го дал голот, туку топката се одбила од него. Тогаш во Престон давале бонус за гол од 100 фунти. Но тренерот Гери Питерс бил упорен и голот му го запишале на Бекам.
Во следниот меч Дејвид Бекам пак дал гол (од пенал) и на крајот ја заслужил довербата од соиграчите. После неколку недели во април 1995. година се врати дома и дебитираше во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед.
Диего Марадона во Севиља (1992-1993)
26 меча, 5 гола
Карлос Билардо знаел кога да му заѕвони: 15-месечната дисквалификација на Марадона поради употреба на кокаин завршуваше во јуни 1992. година а еден месец претходно Билардо го остварил контактот. Карлос бил нов тренер на Севиља и човек кој работел со Диего во репрезентацијата. „Сакам да играш за мене“, му рекол Билардо на сонародникот.
За такво нешто не сакал да слушне претседателот на Наполи, Корадо Ферлаино кој на крајот разбрал за големиот интерес на Севиља чии претставници дошле во неговата канцеларија. Ферлаино знаел дека врвот на Аргентинецот веќе е минато, но ужасно се плашел да влезе во историјата на Наполи како човек кој го дал Диего и отпорот траел до последно.
Освен тоа, ни во Севиља не биле воодушевени од замислата на Билардо, но тој на состанок со управата им рекол: „Ако го немам Диего овде, уште утре ќе се спакувам и ќе се вратам во Буенос Аирес“. Куферот не морал да биде спакуван, Диего кажал дека ќе се врати во Неапол само ако Ферлаино му ја зголеми двојно платата, му обезбеди личен хеликоптер и да му изгради вила на монденскиот остров Капри.
Трикот на Марадона прорабтоел: Ферлаино го обвинил Аргентинецот за алчност и лакомост и така се оправдал пред фанатиците. Билардо во меѓувреме отишол на аеродром да го пречека Диего во Севиља.
Стартот бил успешен. На презентацијата Марадона кажал дека тој не е прв фудбалер на светот но 10.000 навивачи се радувале што дошол во Севиља. На тренинг на тимот се собирале толку луѓе колку што некои клубови немале на стадион. Новинарите не се двоеле од Марадона, а тој на тренинг доаѓал во своето црвено Ферари. На својот прв меч на пријателска против Баерн Диего му наместил гол на Давор Шукер со кој играл во нападот, а асистирал и за другите два гола во победата од 3:1.
Шукер бил главен љубител на Марадона во Севиља. На почетокот дури и се срамел да разговара со него, просто шетал од околу и се ѕверел како во споменик. Но еден ден Диего дошол сам кај него и Шукер мислел дека сонува: Појадувале заедно, собите им биле блиску еден до друг. Во дебитантската сезона во Шпанија Шукер дал 15 голови. Стартот бил прекрасен, но потоа...
На Диего брзо му здосадило да ја игра улогата на ментор. Набрзо лутал по бордели и клубови, летал со своето ново Porsche со таква брзина што се треселе прозорите на соседните згради. Шефот на Севиља, Луис Куервас дури и најмил двајца детективи кои го прателе Диего насекаде.
Најлошо од се било кога Марадона се замерил со тренерот. На полувремето од претпоследниот меч од сезоната 1992/1993, Диего побарал од лекарите да му вбризгаат тројна доза кортизон да му ги намали болките во коленото за да го заврши мечот, но Билардо ги извадил од игра во 50-та минута. По мечот Аргентинците за малку не се фатиле за врат и само Клаудија, жена му на Марадона успеала да ги раздвои.
Следниот пат Диего и Карлос се сретнаа во татковината: Марадона дојде во Бока да ја заврши неверојатната кариера, а Карлос да го врати тренерското име по тригодишна пауза.
Франк Рибери во Галатасарај (2005-та)
14 меча, 1 гол
Во Истанбул, каде Рибери играше меѓу Мец и Марсеј, Французинот го освои првиот голем трофеј во својата кариера (Купот на Турција). Одигра неколку добри меча и навивачите му го дадоа прекарот „Ферарибери“, а по некое време само што не добил палка по глава.
По кажување на самиот Рибери, раководните луѓе на Галатасарај не им платиле на играчите со месеци и кога Рибери почнал да се буни и да флертува со Олимпик Марсе пред врата му дошле директорот на Галатасарај Булент Тулун, поранешниот агент на Рибери Џон Бико и бизнисменот Хаим Фреско:
„Во тој момент веќе шест месеци не работев со Бико. Семејството ми беше дома а јас не сакав да имам ништо со овие луѓе и им кажав да се обратат кај мојот нов менаџер Бруно. Тогаш Бико ми скрши прозор дома и ми кажа дека ако не отворам врата, ќе ја скрши колата. Веднаш му се јавив на адвокатот кој ми кажа да не се вознемирувам. Се јавив во полиција и раскажав сè“.
Филип Лам во Штутгарт (2003-2005)
53 меча, 2 гола
Херман Герланд е човекот на кој Лам ќе му биде благодарен до крајот на животот. На крајот од сезоната 2002/2003 Герланд бил тренер на резервниот тим на Баерн Минхен и кога било јасно дека Сањол и Лизаразу не планираат да му отстапат место на 20-годишниот Филип, Герланд решил да делува веднаш. Лам бил одличен играч уште тогаш, млад, зрел, дисциплиниран и му требале натпревари во нозете.
Иако Герланд многу верувал во него, клубовите во Бундеслигата не ги прифатиле неговите сгуестии за позајмица. Лам никој не го сакал. Еден тренер кој го видел Филип на дело побарал од Херман да му ги надомести трошоците за бензинот кој го потрошил. Во целост, потполн неуспех.
На крајот, Герланд му заѕвонил на Феликс Магат кој барал замена за Андреас Хинкел во Штутгарт: „Имам играч кој изгледа како 15-годишен а игра како 30-годишен“, му рекол Герланд, а Магат не бил импресиониран: ’На која позиција би можел да го играм тој вундеркинд? -За почеток во одбран, како лев бек. Или во средината или на крило. Освен голман може се да игра“.
Филип Лам во Штутгарт помина две полни сезони. Во првата сезона: Сјајно играше на десното крило, тимот заврши четврти во Бундеслигата, доби награда за втор најдобар играч во Германија и го заинтересира Манчестер Јунајтед. Сезона 2: Нов тренер (Замер), повреда (скршена нога), уште една повреда (скинати лигаменти) и збогување со градот Штутгарт.
Во летото 2005-та Лам се вратил во Баерн Минхен, во ноември дебитирал во Бундеслигата во дресот на Баварците а во сезоната 2006/2007 стана незаменлив лев бек во одбраната на Баерн.
Марко Матераци во Евертон (1998/1999)
27 меча, 2 гола
Марко дошол во градот Ливерпул од островот Капри каде го позајмила Перуџа. Евертон на крајот на сезоната 1998/99 се борел за опстанок а Матераци до крајот на пролетта собрал 10 жолти картони и 3 црвени. Дал и два гола од кои еден мајсторски против Мидлзборо.
Френк Лампард во Свонси (1995/1996)
9 меча, 1 гол
17-годишниот Френки слетал на југот од Велс во октомври 1995. година - пет години пред повеќемилионскиот трансфер во Челси. Лампард не поминал ништо подобро од Бекам: немал појма каде се наоѓа Свонси каде Вест Хем го позајмил во втора лига, стилот на игра бил чуден а терените не биле добри.
Неколку навивачи го навредувале дека е дебел и дека му е роднина на Хари Реднап затоа игра. Еднаш во локален паб му викале: „Кој кур те донесе овде, враќај се дома лондонско копиле“!
Лампард одиграл вкупно девет меча и дал еден гол (прв официјален во неговата кариера), а во јануари 1996 година се вратил дома. „Бев шокиран од условите во втора лига. Во клубот знаеа дека сакам да се вратам во Вест Хем. Во Свонси се боревме за опстанок и едвај два пати победивме“, рекол Лампард по враќањето во Лондон.
Андреа Пирло во Бреша (1995/1998, 2001)
47 меча, 6 гола
Пирло два пати потпишувал професионален договор со Бреша: првиот во 1995 година кога Мирчеа Луческу одлучил дека младиот талентиран Италијанец заслужува шанса во првиот тим, и втор пат на преминот во 2000-та година кога Интер го прати на позајмица. Но првиот престој на Андреа во Бреша малкумина го паметат.
На 16 години години Андреа бил многу интровертен и не зборувал речиси со никого надвор од теренот. Поискусните играчи на Бреша биле импресионирани од неговиот талент и правеле се да не им земе место во тимот. Пирло еднаш се расплакал на теренот, соиграчите не му подавале а родителите на трибините викале: „Тој што се замислува Марадона, не му ја давајте“.
Андреа се расплакал а татко му кој тогаш бил на стадионот никогаш повеќе не се појавил на игрите на својот син. Среќа во Бреша бил мудриот Романец Мирчеа Луческу кој го ставил Пирло во првиот тим а потоа го повлекол со себе и во Интер. Андреа се сметал за талентирано дете а соиграчите му биле љубоморни. „На секој тренинг најмалку десет луѓе пробуваа да ме убијат“, раскажувал подоцна Пирло.
Кога Бреша влегла во Серија А во сезоната 1996/1997, Пирло играл одлично и претседателот на клубот Џино Кориони изјавил дека никогаш нема да го продаде. „Тој ќе биде нашиот симбол. Никогаш нема да бидеме во можност да си приуштиме играч каков што е Пирло. Затоа ќе се обидам со сите средства да го задржам ако останеме во Серија А“, еуфорично изјавил Кориони.
Бреша година дена подоцна испаднала од Серија А во Серија Б и Пирло заминал во Интер.
Роналдо во ПСВ Ајндховен (1994/1996)
Ајндховен? Што има таму, како е? - прашал 17-годишниот Бразилец со црни шишки. ’Студено е многу’, одговорил Ромарио.
Во летото 1994 година, Бразилецот отпатувал во Америка на Светското првенство, а Ромарио тогаш беше најважен играч во репрезентацијата во Бразил. Роналдо во Европа не бил воопшто познат, така што Ромарио одговарал на сите прашања за него.
Ѕвездениот Ромарио веќе ја освоил Холандија пред Мундијалот во САД, а Роналдо само сакал да се пресели во Европа. Луѓето од ПСВ му дале занимлива понуда.
„Студено е. А што е ова?, прашувал Роналдо, ’Тоа е зградата на компанијата Филипс’, одговорарал Ромарио.
Кога играчите на ПСВ три минути гледале како Роналдо после тренингот облекува три-четири пара чорапи не им било јасно што прави. Но студот не го спречил бисерот од Копакабана да го запали холандското првенство.
Бразилецот на дебито против Витезе дал гол во 10’ минута, а потоа против Баер Леверкузен направил хет-трик. Руди Фелер по тој меч изјваил дека никогаш во животот не видел некој 18-годишен да направи такво нешто. Сезоната 1994/1995 Роналдо завршил како најдобар стрелец во лигата - 30 голови на 36 меча.
За шест месеци Роналдо им помогнал на мајка му и девојка му да се преселат кај него во Ајндховен, го научил холандскиот јазик и се му делувало лесно. За Божиќ требал да направи операција, Бразилецот до пролетта се опоравил а после дознал за интересот на Барселона.
ПСВ не го давал, но наскоро Роналдо се послужил со стар менаџерски трик: Го нарекол тренерот на ПСВ Дик Адвокат тупав и глупав, а потоа барал да го пуштат во Барселона. Во летото 1996. година Каталонците за него платија 13,2 милиони фунти. Приказната за тоа како претседателот на Барса се облекол како келнер во Америка за да го потпише Роналдо тука.