Опавчето на Паласио и поранешниот зет на Марадона

Вчера дознавте за занаетчиското средно школо на Манџукиќ, големото срце на Срна и мисицата на Ковач. Сега ги имаме најинтересните куси стории за Аргентинците кои за малку ќе го немале во напад голгетерот Игуаин.

Старомодната фризура на Паласио

Џигериците одамна излегоа од мода  и доминираа некаде до 90-те, но некои фудбалери се обидуваат се уште да ги носат во малку поинаква форма. Батистута носеше долга коса, сега во Аргентина таква фризура има Демикелис, но Паласио со неговото опавче е еден и единствен. Иако веќе пет години е дел од италијанското првенство каде модата е во преден план, тој не се откажува од опавчето. Во 2012 изјави дека ќе го исече доколку Интер стане шампион.

Зетот на Марадона

Серхио Агуеро го носи прекарот „El Kun“ затоа што личел на лик од јапонски цртан филм. Ѕвездата на Манчестер Сити која потекнува од сиромашно предградие на Буенос Аирес дебитираше за тимот на Индепенденте на само 15 години. Се ожени за ќерката на Марадона Џанина со која има и дете, но легендарниот Аргентинец нема да се радува повеќе на успесите на неговиот зет. Минатата година тие се разведоа, а тој се фати со аргентинската пејачка Џесика Техеда, која ја нарекуваат Керина принцезата и која се прослави со хитот „Лажго“.

Потенцијален француски репрезентативец

Доколку ѕирнете во пасошите на аргентинските репрезентативци ќе забележите дека голем дел од нив се родени во Буенос Аирес, а само Гонзало Игуаин е роден во многу поегзотично место, во француското градче Брест. Во 1987 година неговиот татко кој бил исто така фудбалер направил трансфер од Бока Јуниорс во екипата на Брест. Игуаин сепак го избрал аргентинскиот дрес.

Сабела наместо Марадона

Која е поврзаноста помеѓу Аргентина и Шефилд Јунајтед? Тоа е првиот англиски клуб кој почнал да прави експерименти со играчи од странство. Во 1978 година од Ривер Плејт го ангажирале Алехандро Сабела, сегашниот селектор на аргентинската репрезентација. По две години тој преминал во Лидс, но приказната можело да се развива многу поинаку затоа што тренерот на Шефилд, Хери Хаслам сакал да купи едно момче по име Диего Марадона кое отпаднало од комбинација поради многу пари.

Малото голманче

Чуварот на голот на Аргентина, Серхио Ромеро не е минијатурна фигура како што стои во насловот. Тој е висок 190см, но и покрај тоа го носи прекарот „Chiquito“ затоа што има тројца браќа кои се кошаркари и кои се повисоки од него.