Замрзнатиот Рибери и тужбата за СиЕнЕн

Асот на Баерн Минхен уште еднаш побара од американскиот телевизиски гигант да му плати оштета од 1,5 милиони долари, затоа што ставиле негова фотографија на вест за девојка која умрела во криотерапевтска соба.

Внатре во собата има капсула со -170 степени Целзиусови за опоравување или негување на мускулите. Ефектот на оваа терапија добро им е познат на познатите спортисти кои ја користат за побрзо да закрепнат по напорните натпревари и тренинзи.
 
Се вика криотерапија и е нова мода меѓу спортистите. Меѓу фудбалерите има такви како Едисон Кавани, Кристијано Роналдо, Мората или Ибрахимовиќ кои ја користат и дома и во клупските карантини. На своите Твитер профили објавуаа фотографии на кои се гледа како влегуваат во замрзнатата капсула.
 
Роналдо во една прилика изјавил дека и дома инсталирал таква капсула во вредност од 45.000 евра. За поголема приватност, изјави Португалецот.
 

Токму таа приватност би можела да го чини СиЕнЕн 1,5 милиони долари, затоа што на 28. октомври годинава објавил „погрешна“ фотографија на веста за смртта на една млада Њујорчанка, која што ја нашле почината во криотерапетската капсула. На фотографијата беше Французинот Франк Рибери.
„Господинот Франк Рибери, светски познат и признат фудбалер и член на француската репрезентација, никогаш не дал дозвола ниту авторски права за користење на оваа фотографија“, се огласил Рибери преку писмо кое неговиот адвокат Карло Алберто Бруса го доставил до претседателот на СиЕнЕн, Џеф Ѕукер.

Спорната фотографија на СиЕнЕн за која Рибери бара 1,5 милиони долари

Рибери полека се враќа во форма по сериозните повреди кои ја доведоа во прашање неговата кариера.
„Вашата вест беше преземена од голем дел од француските медиуми, кои исто така ќе се соочат со тужба поради користење на истата фотографија што значи кршење на законот за лични податоци и авторски права“, стои во обраќањето на адвокатот Бруса.
23 ноември 2015 - 16:16