Рибери не e ни меѓу првите тројца во Франција

Фудбалерот на Баерн Минхен е помеѓу тројцата кандидати при изборот за најдобар фудбалер на светот, но во својата земја е само четврти спортист.

Ѕвездата на Баерн Минхен оваа сезона освои пет титули и влезе во финалната трка при изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот, но тоа не му помогна многу за популарноста во неговата земја.

Најдобриот француски спортски весник L'Equipe спроведе анкета за Спортист №1 на Франција за 2013-та година и на првото место според гласачите е светскиот шампион во троскок, Теди Тамго.

На втората позиција е џудистот Теди Ринер, а трет е кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Тони Паркер. Рибери заврши на четвртата позиција.

Спортистка на годината во Франција е победничката на Вимблдон, Марион Бартоли која замина во пензија. Зад неа се скијачките Марија Роланд и Теса Ворли кои нема да ги видиме на Олимпијадата во Сочи заради повреди.

25 декември 2013 - 15:13