После мечот Фиорентина - Лацио (1-2), Франк Рибери кој беше заменет од тренерот Монтела со Боатенг во 74’ минута, им се пушти на судиите. Два пати силно го турна помошникот линиски судија Матео Пасери поради тоа што не сигнализирал фаул од Лукаку над Сотил во акцијата после која Чиро Имобиле го постигна победничкиот гол.