Прекарот на Погба
Додека Сер Алекс Фергусон држи предавања за фудбал и однесување на терен никој нема храброст ниту да трепне. Французинот Пол Погба тоа го направи на „Олд Трафорд“ на само 19 години. Откако се дрзна да го прекине среде говор строгиот тренер, младите фудбалери на Манчестер Јунајтед го нарекоа Нелсон Мандела.
Незаинтересираниот Рами
Хари Реднап покажа дека е нешто сосема спротивно од Фергусон во поглед на принципите. Тој лично замина во Франција за да се увери во квалитетите на Реми каде го следеше на мечот помеѓу Марсеј и Генгамп. Но Французот изреагира многу похрабро од Погба па дури и безобразно. По натпреварот одби да разговара со Реднап кој многу се налутил, но не покажа никаков авторитет. Реми му се приклучи на КПР на 16 јануари 2013 година и тоа само 10 дена по тој меч.
Дебито на Сисоко и Анри
Што имаат заедничко овие двајца Французи? Дебитираа за репрезентација и тоа со иста возраст, а тоа е 20 години и 55 денови. Сисоко е роден на 16 август 1989 година, а првиот повик од Франција го доби на мечот против Фарски острови (5:0) кој се одигра на 10 октомври 2009 година. Поранешниот репрезентативец Анри е роден на 17 август 1977 година, а за прв пат го облече националниот дрес на 11 октомври 1997 година против Јужна Африка (2:1).
Матурантот Варане
Откако му заврши првата сезона во француското првенство со тимот на Ленс, Варане решил да се фрли на книга и да го заврши средното школо. Телефонот му заѕвонил баш додека ја спремал матурата, а му се јавиле од Реал Мадрид и тоа лично Зинедин Зидан. 18 годишниот Варане му рекол да му се јави подоцна затоа што морал да учи. Дефанзивецот веќе три години е член на „Кралскиот тим“.
Рибери во тројка
Откако минатата година ја освои титулата во Лигата на шампионите со Баерн Минхен, Франк Рибери доцна во ноќта се врати во својата хотелска соба. Таму го чекаше неговата сопруга со едно големо изненадување, а тоа беше пехарот. Сонот беше посладок во тројка.