Приказна за фудбалскиот пат на Тити

Реал, Удинезе, Келти - Непознатости од младоста на Тиери Анри

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња поминал долг пат за да стигне до вечната листа на легенди кои никогаш нема да се заборават.

ДЕТСТВОТО НА ПАРИСКИОТ АСФАЛТ

Израснал на иста улица со Патрис Евра, но се запознал со него дури кон крајот на деведесетите. Анри играше лево крило во Јувентус, а Евра напаѓач во сицилијанскиот Марсал. Се сретнале во Милано: „А, значи ти си тој познат дечко од Лес Улис?“

Неколку години до раѓањето на Тиери, неговите родители, Антони од Гвадалупе и Мартиниканката Мариз се селеле во новиот двособен стан во Лез Улиз, јужното предградие на Париз каде уште немало железничка станица како денес. Татко му бил дипломат па често патувале и менувале живеалишта.

Во 1985 година родителите им се развеле, а после три години постариот брат на Тиери, Вили заминал во војска (денес тој е инжењер во париското метро).

Со текот на на времето малиот Тиери, роден на денешен ден, 17. август 1977 година, се навикнал на живот со еден родител, тоа му било убаво но бил тажен кога на 11 години мајка му му забранувала излез во вечерните часови: „Кога моите врсници играа на улица доле јас само ги гледав од прозор. Многу беше болно. А денес сите тие другари лежат во затвор“, изјави во една прилика Анри во интервју за The Sun.

Анри е роден со физиолошки потежок раст, бил слабичок, премногу се потел за време на натпреварите и често потта му била студена. Неговиот прв тренер Жан-Клод Жорданела се сетил во интервју за le Parisien: „Тој беше многу лесен и брз, но во исто време и физички слабичок. Паѓаше во дуелите со децата како играчка. Никогаш не се тушираше после натпреварите и не се пресоблекуваше а потоа излегуваше на ветер и дожд и следното утро кашлаше“.

После тоа го носеле кај баба му во Гвадалупе каде пиел лековити чаеви.

„Тиери беше многу себичен. Ќе ја добиеше топката и сам ќе трчаше кон противничкиот гол без да додаде некому. Поради тоа многу од играчите не го сакаа. Фала му на Бога што немавме бонуси за голови инаку Тиери ќе нè уништеше“, вели првиот тренер на Анри Филип Оклер за France Football. 

На 12 години Анри дал пет гола против тимот Палезо каде потоа преминал да игра. Со новиот клуб ја освоил регионалната лига дал 50-ина гола а соиграч му бил идниот бек на Рома и Јувентус, Џонатан Зебина.

Анри го напуштил Палезо после еден настан кога татко му влегол на терен и се степал со сдуијата. Во пролетта 1991 година стигнал во националната фудбалска академија Клерфонтен. Влегол меѓу 22 најдобри од 55.000 кандидати! Да, педесет и пет илјади.

Академијата е скриена во шумата Рамбује поради сигурност и безбедност, па така Антони Анри доаѓал низ дрвата и скришно ги гледал тренинзите на син му.

СЕРИОЗЕН ПОЧЕТОК НА ФУДБАЛСКА КАРИЕРА

Откако заминал од познатата академија Клерфонтен, Тиери се вратил дома и играл за клубот Вири каде татко му го гледал без проблем.

На меч против Невер Тиери го смениле после првиот дел (до тој момент пропуштил цел месец поради повреда), татко му се стрчал од трибините, влегол на терен и барал објаснување од тренерот на Вири, Тиери Плета. Антони викал како син му е најдобар и да не го менува. Тоа не им се допаднало на родителите на другите деца и во летото 1992. Тиери одново сменил екипа и дошол во Версај.

Таму се сретал со многу другари од Клерфонтен, како Вилијам Галас и Жером Ротен и со нив стигнал до полуфиналето на првенството на Франција за играчи до 15 години. Во својата биографија “Вие нема да поверувате“, Ротен се сеќава дека во четвртфиналето Версај го победил ПСЖ со два гола на Анри.

ПРВАТА СРЕДБА СО АРСЕН ВЕНГЕР

Скаутот на Монако, Арнолд Каталано на тој меч меѓу младинците на Версај и ПСЖ го гледал малиот талент Џамел Белмади (тој подоцна играше во Манчестер Сити и Селта а денес е тренер во Катар), но го приметил Анри.

На три месеци до својот 16-ти роденден Тиери преминал во Монако а на неговите родители им гарантирале бесплатен превоз од Париз во Монте Карло. После две години, на крајот на август 1994 година, Арсен Венгер го пуштил малиот Анри на мечот на сениорите против Ница (0-2).

На левото крило му помагал бекот Ерик Ди Меко кој во 1994-та дошол од Марсеј. Во интервју за RMC Sport Ди Меко си споменал: „Во Марсеј пиев и играв карти со соиграчите, а во Монако морав да играм Sega видео игри - друга забава Анри не знаеше“.

Недела дена по поразот од Ница, Анри играл половина час против Ле Авр но Монако повторно загубил, паднал во зоната за испаѓање и Венгер кој два месеци претходно не го пуштиле во Баерн Минхен, добил отказ.

На новиот тренерски тандем Пети - Етори не им требало многу да го вратат Тиери во младинците. Но во февруари 1995 година, Монако го назначил за тренер Жерар Баниде кој го тренирал Анри во академијата. Во средината на првото полувреме од априлскиот меч со Ланс, Анри го сменил Мадара и после четири минути дал прекрасе гол на асистенција на Џоркаеф. До крајот на полувремето дал уште еден. 

НОВА СЕЗОНА, НОВИ ЧУДА НА МАЛИОТ ТИТИ

Во следната сезона новиот тренер Жан Тигана продолжил да го става Анри како замена од клупата а во нападот место имал шпицот Андерсон. Во исто време селекторот на јуниорската репрезентација на Франција, Жерар Улие го назначил Анри за капитен и во финалеот на Европското У18, Тиери го дал последниот гол против Шпанците во финалето.

„Од сите играчи кои сум ги тренирал, никој не го сака фудбалот така како Тиери. Тој на пример гледа меч Ле Ман со Генгам и ги памти сите играчи и сите моменти од натпреварот“, напишал во својата книга легендарниот Улие.

Помошникот на Улие во јуниорската репрезентација, Жак Кревуазје во интервју за весникот So Foot изјавил: „Анри и Трезеге со часови размислуваа како да го прослават секој нареден гол. Тогаш им кажав: ’Знаете дека треба да биде оригинално, дечки? После голот спуштете ги шорцевите и измочајте се кај корнер знаменцето. Сигурен сум дека никој не направил такво нешто“.

ГОЛЕМИОТ РЕАЛ МАДРИД ЧУКНАЛ НА ВРАТАТА НА АНРИ

Во 1996 година Тиери Анри, најнадарениот француски талент потпишал пред-договор со Реал Мадрид.

На 29 октомври претседателот на Реал, Фернандо Санс со директорот на клубот Хуан Антонио Сампер и поранешниот менаџер на Јохан Кројф, Мишл Базилевиќ се сретнале во парискиот хотел „Кријон“ со татко му на Анри.

Антони Анри им кажал дека договорот на син му со Монако истекува за осум месеци и дека Тиери може да дојде кај нив бесплатно без обештетување. Понудата на Реа била: милион долари за трансфер и плата од 40.000 долари месечно.

Во средината на ноември 1996 година Тиери потпишал во хотелот „Абела“ во Монте Карло преддоговор со Реал Мадрид и за тоа добил околу 20.000 долари. Кога дознал за тоа шефот на Монако Жан-Луј Кампора го нарекол Реал штетен клуб кој киднапира деца а тренерот Жан Тигана шест месеци го држел Анри на клупа.

Во септември 1997 година УЕФА го казнила Реал Мадрид 100.000 долари за незаконско потпишување договор и исползување на агент без лиценца. Анри избеганл двогодишна суспензија благодарение на поддршката од Монако.

После девет месеци стана Светски шампион со репрезентацијата на Франција.

АВАНТУРИТЕ СО „ГАЛСКИТЕ ПЕТЛИ“ И НАЈВРЕДНИОТ ПЕХАР ВО ИСТОРИЈАТА

Интересно, уште во есента 97-ма, селекторот на „Триколорите“, Еме Жаке говорел дека прв избор во нападот ќе му биде Флориан Морис од ПСЖ, а втор Жан-Пјер Папен од Бордо. Но Анри после продажбата на Андерсон од Монако во Барселона заиграл стабилно и дал 7 гола во Лига на шампиони каде неговиот клуб стигнал до полуфиналето.

Зимата 1997-ма година Тиери два месеци се мачел со болки во ложата, пропуштил три меча но благодарение на фитнес-тренерот на Монако Клод Пуел брзо се врати на терен и стана прв напаѓач на Мундијалот 1998. Партнери во нападот му станаа Јури Џоркаеф и Стефан Гиварш.

Следното утро Антони Анри гордо им признал на новинарите дека ја шинал ногата од радост на трибините на „Велодром“ по голот на Тиери против Јужна Африка во 90. минута.

После една недела Анри даде два гола против Саудиска Арабија, во четвртфиналето со Италија кога Дешамп и Десаи се тргнаа од серијата пенали а Лоран Блан даде гол, Анри се криеше зад дресот на Трезеге и тоа беше најмил кадар тоа лето.

После победата во полуфиналето над силната Хрватска, претседателот на Франција Жак Ширак, облечен во дрес со број 23 по примерот на Блан ја бакнал ќелавицата на Фабиен Бартез а по триумфот во финалето селекторот Еме Жаке танцувал со жената на Зидан и прскал со шише шампањско.

Анри, Трезеге и другите играчи голи до појас ја пееле I will survive од Глорија Гејнор а Јури Џоркаеф кој има ерменско потекло играл монголски танци. По величествениот триумф против Бразил Тиери полетал во Гвадалупе, земјата на татко му.

„Првиот ден празнувавме, пеевме, пиевме и игравме бонго (тапан со мембрана од кожа на бивол). Право блаженство“, раскажувал Тиери Анри за The Sun.

ПАТОТ ГО ОДНЕЛ ОД ТОРИНО ВО УДИНЕ

После еден месец Арсенал понудил за него 12 милиони фунти но претседателот на Монако Жан-Луј Кампор не сакал да слушне. Откако Анри неколку пати одбил да дојде на тренинг, Жан Тигана го сменил него со Виктор Икпеба.

По една верзија, Анри сакал да избегне автоматско продолжување на договорот со Монако коешто било морално ако ги одигра сите натпревари во првата полусезона. И така, три месеци после победата на Светстко Анри се вратил во младинската репрезентација.

Во јануари 1996 година претседателот на Монако го продал Анри во Јувентус кој барал замена за повредениот Дел Пјеро. Неколку недели по трансферот во Торино, Анри на италијански јазик дал интервју за Tuttosport а инцијаторот на неговиот трансфер Марчело Липи му го отстапил местото на новиот тренер Карло Анчелоти којшто барал од Тиери не толку да му помага на Инзаги во нападот туку да биде и четврт играч во средниот ред.

КАКО СТАНА ИКОНА ВО ЛОНДОН И НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА ТОПЏИИТЕ

Анри и покрај тоа дал два гола против Лацио и Венеција но следното лето директорот на Јуве Лучано Моџи решил да го прати на позајмица во Удинезе во замена за Бразилецот Марсио Аморозо, најдобриот стрелец на Серија А во 1998/99. Анри нормално одбил и добил трансфер во Арсенал кој на Јуве му платил пола пари од сумата што ја добиле за Анелка од Реал Мадрид.

Венгер, вљубен во својот сонародник уште од старт му дал место во центарот од нападот а навивачите брзо му смислија песна на мелодијата на песната Tom Hark од групата The Piranhas. Но Тити првиот гол го дал дури на деветтиот меч за Арсенал и тоа осум минути откако влегол во игра наместо Нванкво Кану во Саутемптон.

„Главно за Тиери беше тоа што секогаш бев сигурен дека веќе во 10 ипол вечер тој гледа фудбал во својот дом во Хемпстед или веќе длабоко спие“, му раскажал Венгер на Филип Оклер, биографот на Анри.

Арсен во еден момент признал: половина година претходно во Торино му го убиле напаѓачкиот инстинкт на Анри. Тиери Анри се вратил во репрезентацијата за златното Европско 2000. Сите голови му ги посветил на својот дедо Теке кој починал пред стартот на Европското.

Во првите пет сезони во Арсенал Анри дал или асистирал на повеќе од половина голови на “Топџиите“ (189 од 392) а во последната шампионска сезона дал повеќе од пола - дури 53%. На 17. октомври 2005 година во меч од Лигата на шампионите против Спарта Прага Анри го надмина најдобриот стрелец во историјата на Арсенал, Јан Рајт. Во тој меч влегол откако не тренирал 38 дена поради повреда и после 15 минути го заменил Хосе Антонио Рејес.

Тогаш Анри ги одбивал понудите од Барса и Реал затоа што сакал да го сруши рекордот, но седум месеци откако го совлада Чехот Блажек, го загуби финалето на Лига на шампиони на „Стад де Франс“ каде Барса беше подобра.

Во соблекувалната му кажал на Венгер: „Јас остнаувам“ и го продолжил договорот на нови четири години. Проблемите во приватниот живот каде се разведувал од британската моделка Никол Мери и оставката на потпретседателот на Арсенал Дејвид Ден го натерале да го напушти Лондон.

„Ако останеше Дејвид ќе останеше и Анри. Но без Дин Арсенал немаше спортска перспектива“, рекол новинарот Пјер Менез пријател на Анри.

УБАВАТА И СОНЧЕВА КАТАЛОНИЈА

Пар недели по презентацијата на Тиери на „Камп Ноу“, Снуп Дог настапувал во парискиот клуб Le Bataclan со дрес Барселона и број 14 на грбот со презимето Анри.

Во првата година Тиери стана најдобар стрелец на Барселона а во втората заедно со Меси и Ето постигнаа рамно 100 гола. Сепак, во широкото интервју за The Sun, Тиери признал дека длабоко о себе му фалеле тесните англиски стадиони, навивачките песни, рутината пред натпреварите и најглавно ќерка му Теа која остана во Лондон.

По победата во финалето на ЛШ 08/09 кога го освои овој вреден пехар против Манчестер Јунајтед во микс-зоната Анри изјавил: „Денес е 27 мај, роденден на ќерка ми. Секогаш ќе се сеќавам на 27. мај. Тоа е голем, голем ден!“

КОГА КЕЛТИТЕ ГО ЗАМРАЗЕА ЗАСЕКОГАШ

После шест месеци Анри пак се појави во една микс-зона но од помалку пријатен повод: „Да, играв со рака, точно е. Но јас не судам, а судијата тоа не го примети“.

Напиша на Твитр: „Барам прочка ако некому нанесов болка со мојата постапка“, а потоа вечерал со репрезентацијата која ја победи Ирска неправедно, го исклучил мобилниот и се вратил во Барселона. Но на излез од тренинг центарот, новинарката на ирскиот таблоид Sunday World, Џералдин Комиски раширила банер: „Јас, Тиери Анри, се извинувам пред ирскиот народ за тоа што играв со рака и ја исфрлив Ирска од Светското првенство“. Анри само поминал покрај банерот.

По две несони ноќи, тој изјавил дека мечот со Ирска треба да се преигра. А во исто време додека Франција неправедно ја победи Ирска, илјадници доселени Алжирци го славеле пласманот на својот Алжир на Светско а илјадници Французи го славеле детето на еден мигрант од Гвадалупе.

По враќањето од катастрофалното Светско во Африка 2010, Анри со кола од аеродром го пренеле до Елисејскиот Двор каде имал средба со претседателот Николас Саркози, Владимир Путин и министерот за економија на Швајцарија Дорис Леутар.

За што зборувале и за што го викнале никој не знае но за репрезентацијата Анри веќе не заигра никога. Замина да доигра уште некое време во Њујорк а за време на паузите тренираше со Арсенал во Лондон.

На 9. јануари 2011 година точно еден месец откако му ја поставија статуата кај новиот стадион „Емирати“ Анри го замени Маруан Шамах во средината на второто полувреме од мечот во Купот со Лидс

и после десет минути го даде побеничкиот гол.

Голманот Војчех Шчесни кој имал девет години кога Анри го дал првиот гол за Арсенал, на мечот против Литс го претрча целиот терен за да му честита и да го гушне за 227-от гол за „Топџиите“.

Набрзо во последната минута од натпреварот со Сандерленд даде решавачки погодок, го прослави со навивачите и се врати во Њујорк. Тој никогаш не се правел херој и никому не се докажувал. Тој остана обичен дечко од Лес Улис...