Скокање, сликање со трофејот и урлање шампиони, шампиони е веќе видено и стандардно на секоја ваква церемонија, а исто и пукање конфети, па Преснел Кимпембе и Тимоте Пембеле смислија нешто ново.
Под водство на новиот тренер Маурисио Почетино ПСЖ продолжува борба за трофеј на сите фронтови. Ја елиминираа Барселона од Лига на шампиони, а го исфрлија и лидерот во Лига 1, Лил од Купот на Франција. Најзаслужни за тоа се Мбапе и голманот Навас. Костариканецот брани како во втора младост.
Во францускиот Куп, ПСЖ со 3-0 го сомле лидерот во француската Лига 1, Лил. Икарди ги отвори гостите со гол во 9' минута, а Мбапе даде два гола. Еден во 41' од пенал и еден после луд трк во 90+3' минута.
Така ќе им раскажува Жереми Постераро, анонимен фудбалер на францускиот четвртолигаш Кан Русилон за неверојатниот гол кој го даде против гигантот Марсеј.
Рен синоќа изгуби 2-1 на гости кај Анжер и испадна од францускиот Куп во меч во кој од 49' минута останаа без шпицот Ромеин дел Кастиљо кој беше нокаутиран од топка во фаца.
Еден од најтрофејните и најстари француски клубови, Сент Етјен води жестока битка да опстане во Лига 1. Ама затоа во Купот на Франција синоќа со гол во 90+4’ минута го елиминираа Рен 2-1 и се пласираа во големото финале каде ги чека ПСЖ и каде не биле цели 38 години.
Лина Монлери е клуб од шеста лига во Франција кој во претходната рунда издржа половина час без да прими гол од ПСЖ во 1/16 финалето на францускиот Куп. А многу од играчите кои се аматери, меѓу нив и тренерот, се големи навивачи на Пари Сен Жермен.
Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.
Во овој период од годината прволигашите играат во раната фаза од Куп натпреварите, па често се случува гигантите да се сретнат против мали, анонимни клубови.
Требаше да биде лесна победа за Парижаните затоа што играа осминафинален куп меч против второлигаш по име Орлеан, но мечот влезе во тотално драматичен крај во кој можеше да биде 2:2, а уште полесно 1:3. Какви само работи се случија за 30 секунди. Хаос.
За тоа колку е фудбалот убава и непредвидлива игра покажува и вечерашното финале на францускиот Куп меѓу екипите на Пари Сен Жермен и Ербие, клубови кои се разделени повеќе од 50 места еден од друг во француската лигашка хиерархија.
Фабрис Апрузес денес има 33 години, но неговиот живот практично не е променет. Игра аматерски фудбал, се вратил на работа во една од најголемите поштенски компании во Марсеј и докажал дека љубовта и огромното самопожртвување можат да направат чуда.
Некогашниот кандидат за „Златна топка“ и еден од најдобрите колумбиски фудбалери синоќа на мечот Монако - Каен во Купот на Франција постигна гол од преку 40 и кусур метри. Дами и господа: Радамел Фалкао!
Просто кажано, ако сакаш да освоиш титула во првенство договори го младиот Французин Кингсли Коман, талентот кој ја освои француската, италијанската и германската лига.
Претседателот на францускиот Бордо, Жан-Луј Трио објави дека се повлекува од фудбалот и дека ќе ужива во пензијата во живописниот Шатобелер на Карибите. За 21 година Трио со клубот поминал трнлив пат од длабока јама до четвртфинале на Лига на шампиони.
Пред три години Гејда Фофана важеше за најперспективен играч во Лига 1. Од тогаш до денес целото време го поминал по болници поради повредениот зглоб. Месецов објави дека се предава и ја завршува професионалната кариера.
Минатата 2016-та во спортот беше делумно мрачна поради допингот во Русија, скандалите со педофилија во Англија, тепачките на ЕП во Франција, авиокатастрофата со Шапекоензе. Но имаше и некои херои кои ја враќаа верата во човештвото и спортот.
Полу-аматерскиот шестолигаш Биариц од истоименото градче кое има околу 25.000 жители со душа ја чекаа ждрепката за 9. коло од Купот на Франција. Прво дознаа дека ќе бидат домаќини, а потоа ерупција од задоволство кога дознаа дека противник ќе им биде Рен, 115-години стариот клуб кој е еден од основачите на Лига1. Журката можеше да почне.
Кога на неговиот прв клуб од детството во предградието на Париз им стигнал процент од продажбата на Канте од Каен во Лестер (250.000 евра), не знаеле што да прават со парите и свикале состанок. Што ли правеле со парите од трансферот од Лестер во Челси?
Никој не ветува како кинеска компанија која влегува во фудбалски клуб. Камиони, милиони, билиони се споменуваат на презентациите, а подоцна навивачите сфаќаат дека не е баш сè така розово со сомнителните фондови од Азија.
Македонските фудбалски клубови не се единствени кои играат пред 100 луѓе и 12 гулаби. Еден од најбогатите француски клубови кој играше во финалето на Лигата на шампионите игра пред малку гледачи поради што често се слуша ехо „Моја!“ или „пази леѓа!“