Неделава се играа натпревари од националните купови. Секаде освен во Италија каде полуфиналните дуели ги одложија поради епидемијата на коронавирус.
Сент Етјен во четвртокот вечер играше против Рен. Со голот на Мбаје Нијанг во 33’ минута, некогашниот фудбалер на Милан, гостите го отворија резултатот. Ама Сент Етјен одговори прво преку Тимоти Колоѕејчак во 43’ минута а во последните секунди од мечот, во 94’ минута Ријад Будебуз донесе ерупција на стадионот.
Овој некогаш славен клуб, ќе игра во финале на Куп на Франција првпат после 1982 година кога за клубот уште играл Мишел Платини.
На крајот од мечот стотици навивачи влетаа на терен, викаа, пееа, се радуваа. Благодарение на редарите сè изгледаше необично.
Geoffroy-Guichard #ASSESRFC #ASSE pic.twitter.com/UbjlPaFYZV
— Macky Diong (@MackyDIONG) March 5, 2020
Good old fashioned pitch invasion from the St Étienne faithful as they reach the Coupe de France final for the 1st time in 38 years. pic.twitter.com/GG3r1REJJS
— Get French Football News (@GFFN) March 5, 2020
Во финалето на Купот Сент Етјен ќе игра против моќниот ПСЖ кој со 1-5 го разби Лион на гости.