Таг: рен

Поради чудно правило на Рен му поништија гол во 101 минута, вреден прво место

По дводневните драми во ЛШ, четврточните средби во ЛЕ продолжија со исто темпо. Многу голови, неизвесност и едно правило за кое искрено прв пат слушаме.

Пенал на пијано

Да водиш 5:0 и да пробуваш нешто ајде, ама ова глупирање се случи во пенал серија за тоа кој оди понатаму во Куп на Франција. Пациентот се вика Елиот Симое и треба да биде среќен што неговиот Нанси успеа да го мине Рен на пенали. Инаку ова е за ластици и греење клупа.

Туку што беше со голманот на Челси против Брентфорд

Дечкото дојде во септември 2020 во Челси а на 29 мај 2021 освои Лига на шампиони во големото финале со Манчестер Сити каде блескаше. Колегите од репрезентацијата на Сенегал се чудат зошто го нема на поширокиот избор за Златна топка.

Пред 7 години не го сакале ни во четврта лига, живеел во гарсониера, сега освои Лига на шампиони

Кариерата на Едуар Менди, првиот голман на новиот европски шампион Челси е како интересна книга со среќен крај.

Вие на овесни снегулки да не бевте викендов?

Мауаса Фету од Рен денеска на понеделнички тренинг за домашно ќе добие вежбање слободни удари, а за Бентакур не знаеме што да искоментираме. Од тоа што се гледа е дека и ја подаде на трибината.

Зезнат фудбалски тонч во француски Куп

Рен синоќа изгуби 2-1 на гости кај Анжер и испадна од францускиот Куп во меч во кој од 49' минута останаа без шпицот Ромеин дел Кастиљо кој беше нокаутиран од топка во фаца.

Бегалецот на кого му изгорел домот, немал документи, а сега е главна ѕвезда во Франција

17-годишниот Едуардо Камавинга до пред само неколку месеци бил одбиен за документи од Ангола и од Франција. Во голем пожар куќата на неговото семејство изгорела до темел. Живееле во тешки услови и сиромашно. Реал спрема за него повеќе од 100 милиони евра.

Интересната кариера на новиот голман на Челси

Кај Хаверц и Тимо Вернер се топ, светска класа играчи. Но навивачите на Челси цело лето чекаа еден друг трансфер - клубот да им подари нов голман кој би можел да го замени Кепа Аризабалага на голот. Абрамович им ја исполни и таа желба.

Не се влегува во терен туку така за џабе

Еден од најтрофејните и најстари француски клубови, Сент Етјен води жестока битка да опстане во Лига 1. Ама затоа во Купот на Франција синоќа со гол во 90+4’ минута го елиминираа Рен 2-1 и се пласираа во големото финале каде ги чека ПСЖ и каде не биле цели 38 години.

Сега сум за втора средно, а вчера играв против ПСЖ

Возрасната граница во спортот сериозно се поместува. Доказ за тоа е Едуардо Камавинга, фудбалер роден на 10 ноември 2002 година во Ангола. Има само 16, а годинава одигра 10 средби за првиот тим на Рен. Во неделата против ПСЖ на Кавани и Мбапе, беше јунак со асистенција во триумфот од 2-1.

Младиот тренер на Рен кој го победи ПСЖ со 16-годишен фудбалер

Минатата година клубот Рен стана откритие, затоа што одлично играше во Ла Лига и стигна дури до 1/8 финале на Лига Европа каде во првиот меч го совлада Арсенал. Славеше и над ПСЖ во финалето на Купот на Франција, а истиот ривал го совладаа и синоќа.

Газдата на Рен кој донираше 100 милиони евра за Нотр Дам и кој гледа фудбал со Селма Хајек

Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.

Хатем Бен Арфа, дами и господа

Рен одигра 3-3 на гости кај Анжер, а Бен Арфа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите техничари во последните 100 години. Даде два гола, од кои едниот беше после лионелмесиевска акција.

Тргни ми се заби не си измил од сабајле

На Алекс Ивоби изгледа му хукна противник со непријатен здив. Ејјјј ама ме штипна, бегај подалеку.

Судбината на Чех да брани против клубот кој го лансираше и на кој му најде голман

Арсенал даде гол во 3’ минута на гостувањето кај Рен и потоа прими три од клубот со кој голманот на „топџиите“ е многу приврзан.

Бен Арфа - фудбалерот кој е уживање да се гледа

Хатем е еден од оние ликови кои фудбалот го имаат во мал прст, ама не им се игра на голема сцена, туку за „помала публика“. По авантурите во Њукасл, Лил и ПСЖ, си го најде гнездото во Рен со кој ќе игра осминафинале на Лига Европа против Арсенал. Дечкото е цар.

Интер игра подобро без Икарди, детето на Челси конечно заигра и даде гол

По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.

На лето фудбалот го остава уште една голема легенда

Чешкиот голман Петр Чех има неколку вселенски достигнувања во англиската Премиер лига. Држи рекорди кои тешко дека во догледно време некој друг голман ќе ги достигне.

Хатем Бен Арфа како некогаш

Откако во ПСЖ не му дадоа ни трошка време да покаже што знае, мајсторот на фудбалската игра сега во Рен ужива на теренот.

Колку реално заработуваат играчите и тренерите во Франција?

Најголемиот француски спортски лист L’Equipe објави свеж рејтинг на платите на фудбалерите и тренерите во најдобрата француска лига.

Француски шестолигаш се израдува на ждрепката за Куп

Полу-аматерскиот шестолигаш Биариц од истоименото градче кое има околу 25.000 жители со душа ја чекаа ждрепката за 9. коло од Купот на Франција. Прво дознаа дека ќе бидат домаќини, а потоа ерупција од задоволство кога дознаа дека противник ќе им биде Рен, 115-години стариот клуб кој е еден од основачите на Лига1. Журката можеше да почне.

Запознајте го глобално занимливиот Осман Дембеле

Фамата која што го следеше Нејмар на времето сега е верна сенка на Осман Дембеле, сензацијата од француски Рен, клуб кој ја одби понудата од 35 милиони евра од Барселона за младиот универзалец.

Фудбалерите на Рен како на Сони плејстејшн

18.250 навивачи на Генгамп гледаа како Рен им направи шах-мат на нивните играчи во неколку потези за конечни 0:1.