Претседателот на Франција, Емануел Макрон уште првата вечер од големиот пожар ветил дека соборниот храм во Париз, симбол на светското културно наследство, ќе биде возобновен.
Прв којшто донирал голема сума на пари е сопственикот на фудбалскиот клуб Рен, Франсоа Анри Пино. „Татко ми (82-годишниот Франсоа Пино) и јас решивме да одвоиме од фондот на компанијата Artemis сума од 100 милиони евра за целосна реконструкција на катедралата“, рекол Пино.
Богатството на Пино е проценето на 29,7 милијарди долари (30. место на листата најбогати луѓе на светот според Forbes). Холдингот Groupe Artémis со кој управува Франсоа Анри владее со фирмите Kering на кој му припаѓаат брендовите Gucci, Yves Saint Laurent и Alexander McQueen.
А неколку часа после Пино, семејството Арно (Бернар Арно) кое владее со холдингот LVMH, главен конкурент на гореспоменатиот Kering, кој во своето портфолио ги има Christian Dior, Louis Vuitton и Celine) соопштило дека донира 200 милиони евра за обнова на величествената Богородична црква.
КАКО ПИНО СТАНАЛ ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЕВРОПЈАНИ?
Groupe Artémis е главниот извор на приходи на семејството. Ним им припаѓа аукцискиот дом Christie’s (лидер на светскиот уметнички пазар кој во 2017 бил проценет на 6,9 милијарди долари) и виноградијата Chateau Latour. Artémis е главен акционер во конгломератот Kering (годишен обрт од околу 15,4 милијарди долари). Овој конгломерат ги држи брендовите Gucci, Saint Laurent, Stella McCartney, Bottega Veneta и Balenciaga.
Во 1963 година Франсоа Пино-постариот ја основал Kering, компанија за производство на дрвени и други градежни материјали. Во 1999 година, Пино го купил контролниот пакет акции (42%) на Gucci за 3 милијарди долари и ја сменил линијата на брендот во луксузен сегмент.
Во 2003 година Франсоа Пино ја предал холдинг компанијата Groupe Artémis во рацете на син му, Франсоа Анри Пино.
КАКО СЕМЕЈСТВОТО ГО СПАСИЛО ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ РЕН?
Франсоа го спонзорирал францускиот клуб Рен од 1993 година, се додека легендарниот градоначалник Едмон Ерве во 1998-ма не го убедил да го откупи основниот пакет акции на клубот (66,6%). Во првата сезона со Пино-постариот, Рен завршил во топ5 во лигата, иако претходно две години по ред бил пред испаѓање и заедно со Мец го држел анти-рекордот на Лига 1 по бројот на финиши на последно место (4).
Во првата сезона, Франсоа вбризгал солидна сума пари во клубот. Во летото 2000-та Рен на трансфер пазарот потрошил 58 милиони евра, што во тој момент бил шести показател од сите клубови во Европа. Една година по рекордниот трансфер трошок, Франсоа се дистанцирал од Рен и му го предал клубот на син му.
Пино-помладиот решил да прекине да троши многу пари и поставил цел на долгорочни патеки: промислена селекциска политика и ограничување на плати. Семејството Пино решило да вложува повеќе во недвижности, а не во играчи. На почетокот на 2000-та градот го одобрил проектот за реконструкција на стадионот, па така во 2004-та сите трибини биле зголемени и ремонтирани, па капацитетот се зголемил до 30.000 седечки места. Проектот чинел 37,3 милиони евра.
Во 2000 година Франсоа Пино отворил учебен центар La Piverdière, еден од најдобрите во Франција. Таму се школувале речиси сите младинци од академијата на Рен. Еден од нив бил и Јан Мвила, големиот талент од школата на клубот кој стана стандарден репрезентативец.
Семејството Пино го оздравила Рен и поставила стабилно финансиско работење. Сезонава на пример, буџетот на клубот бил 68 милиони евра, а академијата со младинските категории има комфорни услови за работа.
Во последните години, Рен го освои Интертото Купот (2008), се пласираше во финалето на Купот на Франција (2009, 2014) и францускиот Лига Куп (2013), периодично играше во Лига Европа каде сезонава направи неколку изненадувања и стаса до 1/8 финале каде прво го совлада Арсенал убедливо со 3-1, но изгуби на реваншот.
На 27 април Рен ќе игра во финалето на Купот на Франција против шампионот ПСЖ.
ФАМИЛИЈА ПИНО ИМА МИЛИЈАРДИ, ЗОШТО ТОГАШ РЕН УШТЕ НЕ Е ТОП КЛУБ?
29,7 милијарди долари, колку што „тежи“ семејството Пино е поголемо богатство од она на Илон Маск. Пино е побогат и од многу други фудбалски газди милијардери: сопственикот на Челси Роман Абрамович (проценето богатство 12,4 милијарди), Стен Кронке (Арсенал) (8,7 милијарди), газдата на Монако Дмитриј Риболовљев (6,9 милијарди) итн.
Скромните вложувања во Рен оттука делуваат чудно, затоа што клубот не игра ниту во Лигата на шампиони со години, а не се бори ниту за врвот во француската Лига 1. Франсоа Пино-помладиот има објаснување за тоа:
„Ние немаме таков поход како господинот Абрамович со Челси. Ние го купивме Рен не за да го направиме најдобар клуб, просто нашиот регион заслужува пристоен амбициозен фудбалски клуб со кој ќе се гордеат локалните жители. Ние немаме ништо со големи финансиски зделки, имаме само страст
Пред Рен стабилно стојат две задачи сезонава - да се освои Купот на Франција или францускиот Лига Куп. Титулата во првенството не е во наш досег. Другите екипи имаат далеку поголеми буџети. Нашиот клуб треба да освои еден од двата можни трофеи, за да сруши некои психолошки бариери.“, рекол Франсоа Анри.
ФРАНСОА АНРИ ОБОЖАВА ФУДБАЛ И Е МАЖ НА СЕЛМА ХАЈЕК
Поради премногу обврски тој не стигнува редовно да го посетува стадионот: „За жал ретко одам на стадионот, но не пропуштам практично ниеден меч. Обично ги гледам на телевизија заедно со татко ми“.
Во 2012 година Франсоа Анри раскажал дека со татко му имаат традиција, на денот на натпреварите на Рен ручаат дома и гледаат фудбал, а после мечот му ѕвонат на тренерот.
Франсоа Анри е оженет со мексиканската глумица Селма Хајек со која се запознал во 2006 година, а направиле свадба после три години во стариот театар Ла Фениче во Венеција.
Хајек исто сака да оди на стадион заедно со сопругот. Последен пат го гледале реванш мечот од ЛЕ на Рен со Арсенал во Лондон. За нивна жал, екипата и покрај 3-1 од првиот меч, испадна на реваншот.
КРИТИКИТЕ И ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР
За Пино-постариот во Франција постоеле сериозни обвинувања уште од времето. За него се зборувало дека заработувал од продажба на оржује во Алжир и наркотици во Азија кога Виетнам бил под француска окупација. Се оженил со ќерка на милијардер на чии роднини таинствено им се губи секој траг.
Во ’80-те години Пино-постариот бил во долгови до гуша, но успеал да се спаси поради блиските врски со Жак Ширак кој подоцна стана претседател.
Пино имал и голем удал во „поставувањето темели“ за здравството во Африка. За аукциската куќа Кристис се вели дека вечно крши закони пред кои власта ги покрива очите.
Сериозни обвинувања за махинации има и со брендот Ив Сен Лоран, како и со брендот Гучи чија купо-продажба ја следеле многу корупциски скандали. Пино-помладиот пред бракот со Селма Хајек, бил во брак со моделот Линда Евангелиста од која се развел и со која бил на суд поради спор за алиментација за синот кој се испоставило дека бил од Пино.