Рен на домашен терен губеше 2:3 од Виљареал во натпревар вреден прво место во група кое води директно во осминафинале.
Французите успеаа да израмнат дури во 11 минута од судиското продолжение, но голот им беше поништен со ВАР.
Што се случи? Енцо Ле Фе изведе слободен удар и топката од пречка му се врати на нозе, потоа акцијата продолжи, а Асењон погоди за 3:3.
Според правилата на ФИФА, играчот кој го изведува слободниот удар не смее да игра прв со топката после одбивањето во статива, бидејќи така два пати ја допира во иста акција.
Фудбалерите на Рен се бунеа и не им беше јасно зошто голот е поништен, а ваков пример не паметиме кога последен пат се случил во фудбалот.
Ако Рен израмнеше ќе беше прв во група и ќе се пласираше директно во осминафиналето од Лига Европа.
Сега ќе треба да одигра еден натпревар повеќе, кој воопшто нема да им биде лесен. Второпласираните екипи од ЛЕ вкрстуваат со третопласираните од ЛШ.