Во декември лани Рен беше на 14-то место и направи смена на тренерот. На клупата седна дебитантот, младиот Жулиен Стефан, кој за неколку месеци ја живна екипата а себе си изгради реноме на тренерско октритие на сезоната.
Во новата сезона Стефан продолжува да импресионира: Рен го победи неприкосновениот ПСЖ со 2:1 и тоа со 16-годишниот играч Едуардо Камавинга во тимот. Малиот Камавинга одигра 90 минути и имаше фантастична асистенција за гол. Демонстрираше и 57 точни додавања.
Сево ова е заслуга на младиот стручњак Жулиен Стефан
ТАТКО МУ НА ТРЕНЕРОТ НА РЕН СТЕФЕН БИЛ ПОМОШНИК НА ДЕШАМ НА СВЕТСКОТО 2018
Жулиен Стефан има фудбалски гени. Татко му Ги Стефан е еден од најпознатите француски тренери. Младиот Жулиен е роден во Рен, но во ’80-те и ’90-те години се селел со родителите ширум Франција, затоа што татко му бил асистент во Кан и Лион. Најмногу се прославил во Лион каде му бил помошник на Рајмон Доменек, а потоа за една година самостојна работа влегол во финалето на Лига Купот со Лион.
Во 1998 година стариот Ги го викнале во репрезентацијата на Франција да му биде помошник на селекторот Роже Лемер. Како асистент со Франција освоил Европско 2000, Куп на Конфедерации во 2001 и бил на Светското 2002.
Во репрезентацијата на „галските петли“, Ги Стефан бил специјалист за одбраната. Иако со него како помошник Франција знаеше да прима голови: седум на Евро 2000, 2 на Куп на Конфедерации и три во групната фаза на Светското 2002.
По неуспехот на Светско 2002, цел стручен штаб добил отказ од Франција, а понатаму во кариерата Ги го тренирал Сенегал каде го заменил легендарниот Бруно Метсу со кого Сенегалците стигнаа до 1/4 финале на Светско 2002. Со Ги, Сенегал исто имаше голем успех - стигна до 1/4 финале на Куп на Африкански нации.
Го водеше кратко и турски Бештикаш.
Поради работата ретко бил дома, но слободното време секогаш го поминувал со децата. Младиот Жулиен Стефан се сеќава како кога имал пет години тој и брат му играле фудбал дома, а Ги бил судија. Секогаш оделе да ги гледаат натпреварите на Лион и Бордо кога татко им бил тренер таму.
Стефан почнал да тренира фудбал како мал, бил во академијата на ПСЖ, но не стигнал до првиот тим. Три години играл за вториот тим на Парижаните, а потоа скитал по клубови од втор и трет ешалон.
„Добро ја разбирав тактиката и замислите на тренерот, но на терен ми фалеше брзина“, признава Стефан Жулиен во интервју за L'equipe.
Жулиен решил да тргне по патот на татко ми и многу добро му одело. Рано ја завршил играчката кариера (Ги на 30 а син му на 28 години).
„Кога Жулиен се стекна со лиценца, го предупредив дека е многу исцрпувачка работа, но тој беше уверен дека тоа е за него“.
Првата година Стефан стекнувал искуство во екипи од Лига 2, а во 2012 година Рен го повикал да ја води екипата до 19 години.
ВО РЕН У-19 ЖУЛИЕН ГИ НАШОЛ УСМАН ДЕМБЕЛЕ И БАКАЈОКО
Жулиен работел во La Piverdière, академијата на Рен која што во 2000-та година ја отворил газдата Франсоа Пино.
Шест години Жулиен Стефан тренирал разни возрасни категории (во 2015-та му ги довериле младинците). Ги тренирал најталентираните деца во историјата на клубот: Усман Дембеле, Лео Силики, Жорис Њањон (севиља го купи лани за 13 милиони евра), Тему Бакајоко. Многу од овие таленти го обожаваат тренерот Жулиен Стефан.
Жулиен, веројатно поради возраста, затоа што уште бил млад, талентираните бисери го прифаќале и му се доверувале.
На пример ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле лани имал сериозни проблеми со управата, затоа што до сабајле играл Playstation, доцнел на тренинзи и јадел брза храна. Но по еден разговор со својот некогашен тренер, Дембеле се вратил во нормала.
На почетокот на октомври 2018 Монако го отпушти тренерот Леандро Жардим кој сега одново е тренер на овој клуб, а во меѓувреме сакале да го ангажираат Жулиен Стефан.
На 3 декември лани Рен изгубил убедливо од Стразбур и паднал на 14. место. Тоа бил аларм за управата да го избрка Сабри Ламуши и за нов тренер да го постави Жулиен Стефан. Ламуши го сакале играчите и навивачите, но управата решила дека промена е потреба.
На Жулиен му дале рок од шест меча да ги убеди, а тој не чекал многу и се фатил за работа. Ги победил Лион, Дижон и Астана во Лига Европа и добил богат договор.
РЕН ГО ОСВОИ КУПОТ НА ФРАНЦИЈА
На 12 декември 2018 година Рен потпишал договор со Стефан до 2020 година. Ова решение било храбро зошто Жулиен немал искуство и станал најмлад тренер во Лига 1.
„Жулиен има црвено-црно срце“, рекол на промоцијата претседателот на Рен, Оливие Летанг.
Со новиот тренер на клупата, Рен имал серија од 8 меча без пораз со шест победи. Жулиен не инсистирал на напорни тренинзи, не ја малтретирал екипата и не им досаѓал со тактички лекции. Просто обрнал внимание на три компоненти:
- Добро изучување на противникот;
- Личен придонес од секој играч;
- Психолошка состојба на играчите
„Млад е но и тоа како е добар во тактика, во анализа на мечевите и во разговор со играчите. Тој не убеди нас дека може да играме подобро“, рекол плејмејкерот на Рен Бенџамин Андре.
Главен играч на тимот сезонава е Мбаје Нијанг кој не се снајде во Милан а досега има 9 гола и 6 асистенции во Ла Лига. Тренерот Стефан ја реанимираше и кариерата на Бен Арфа кој за цели 2 години во Париз одигра само 23 меча и не даде ни еден гол. Лани како играч на Рен беше кандидат за најдобар играч во Лига 1.
Најблагодарен од сите на Жулиен му е Исмаил Сар кој во 2017-та година дојде за 17 милиони евра, а лани одигра најдобар фудбал во кариерата. Крилниот играч имаше 7 гола и 8 асистенции.
Круна на работата на Стефан Жулиен стигна во финалето на Купот на Франција кога Рен го победи ПСЖ 2:0 и го освои првиот трофеј после цели 48 години! Целиот град славел со играчите и тренерите.
А татко му на Стефан, стариот Ги Жулиен му е помошник на селекторот на Франција Дидие Дешам со кого стигнаа до златниот пехар на Светското првенство 2018 во Русија.
„Кога син ми е дома, секоја вечер целото семејство се собира на вечера и разговараме за игрите на Рен. Понекогаш и се убедуваме во некои работи, а кога не ме слуша ми оди да го убијам. Во себе имам календар на натпреварите на Рен и секогаш му се јавувам на син ми после мечот“, се шегува стариот Ги Жулиен.
Стефан Жулиен во моментов важи за еден од најдобрите млади француски тренери околу кого кружи Пари Сен Жермен и други големи клубови.