Тиаго Силва - единствен играч со плата повисока од милион евра месечно. Капитенот на ПСЖ заработува 1,1 милион евра. Со оваа плата, Бразилецот е најскапо платен играч не само во ПСЖ, туку и во цела Лига 1. По информациите на L’Equipe, Бразилецот има договор според кој зема 400.000 евра за победа во Лига 1, милион за триумф во ЛШ и 300.000 евра за победа во евентуални квалификации за европкуповите.
ПСЖ дава најмногу за плати, во просек по 470.000 евра месечно. Надвор од Париз, само Радамел Фалкао зема повеќе од оваа граница.
Хавиер Пасторе - е најплатениот везен играч во Лига 1. Аргентинецот е во топ10 рејтиног а досега сезонава одигра вкупно пет меча. Пасторе месечно зема колку што е на пример целиот клупски буџет за плати месечно на еден Дижон. Пасторе утеха на клупата за резерви наоѓа во смс пораките со банкарската сметка.
Марсеј одново збунет - Во Олимпик Марсеј има ново раководство, но остана стариот ребус со платите. Така на пример Бафетимби Гомис 120.000 од своите 420.000 евра ги добива од Свонси. Како и Вилијам Ванкер за чија плата се грижи и Рома и Марсеј. Проблем за Марсеј е договорот со Ласана Диара којшто зема огромен бонус за секој одигран меч. Статистички: На осум меча со Диара во првиот тим, Марсеј победил само два пати.
Рен - е најдемократската екипа во Лига 1. Таму има максимално рамномерна распределба на средствата. Просечната плата во клубот изнесува 52.000 евра. Од 60 до 70.000 евра земаат пет играчи: Беноа Костил, Камил Гросицки, Желсон Фернандес, Клемен Шантом и Пол-Жорж Нтеп. Тренерот Кристијан Гуркуф заработува 65.000 евра месечно. Неговиот син Јоан зема 5.000 евра помалку месечно или 60.000 евра. Во Лион Гуркуф земал десет пати поголема плата.
Лион - Еден од најталентираните воспитаници и дете на Лион, Клеман Грение пред шест месеци го продолжи договорот со клубот до 2018-та. Според него заработува 320.000 евра месечно и е трет по заработка после Лаказет и Валбуена кои земаат по 350.000 евра.
Во минатото Грение беше отстранет од тимот поради недоразбирања и на крајот од летото Лион водеше преговори со Ница но таа беше зафатена со Балотели и не успеа да се договори до дедлајнот со Лион. Поради тоа Грение се согласил на двојно помала плата. Целата оваа историја го чинела претседателот на клубот Жан-Мишел Олиасу 1,3 милиони евра.
Генгам - „Црвено црните“ од Генгам му плаќаат на главниот тренер Антоан Комбуаре 100.000 евра. Во целата лига толку зема тренерот на Нант, Сержо Консеисао, но Комбуаре си ја одработува платата затоа што тимот е на четвртото или петото место постојано. Комбуаре е еден од шесте тренери во лигата коишто зема шестоцифрена плата. Притоа Генгам има буџет од 26 милиони евра.
Дижон пак има годишен буџет од 26 милиони евра, но својот тренер го плаќа само 30.000 евра а просечната плата на играчите е 20,6 илјади евра а во Генгам просекот е 32.000.
Средната просечна плата на тренерите во Франција изнесува 94.000 евра. Но тука има голема разлика. На пример Лил го плаќа својот тренер 15.000 евра, а Унаи Емери во Пари Сен Жермен зема страшни 420.000 евра месечно.
ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО ЛИГА 1:
Тиаго Силва, ПСЖ - 1,1 милиони евра месечно
Анхел Ди Марија, ПСЖ - 900.000 евра месечно
Единсон Кавани, ПСЖ - 800.000 евра месечно
Тиаго Мота, ПСЖ - 800.000 евра месечно
Хавиер Пасторе, ПСЖ - 770.000 евра месечно
Блез Матуиди, ПСЖ - 750.000 евра месечно
Радамел Фалкао, Монако - 600.000 евра месечно
Марко Верати, ПСЖ - 500.000 евра месечно
Марио Балотели, Ница - 450.000 евра месечно
Бафетимби Гомис, Марсеј - 420.000 евра месечно.