Мец и Генгамп одиграа необичен меч во француската втора лига кој заврши 3:6 и тоа после водство на домаќините од 3:1 по само 16 минути игра. Мец доби три црвени картони, а Генгамп два пенали. Еден од црвените е за овој нечовечен лизгачки старт.
Некогашниот голем потенцијал на Лион Џими Брианд веќе пар сезони игра за Генгам. Вчера на мечот против Рен неговите славеа 2:0, вториот гол го даде токму Брианд, но мечот ќе го паметиме по неговото смешно промашување.
Со дуелите од 1/16 финалето, вечерва продолжуваат натпреварите во второто по ранг клупско европско натпреварѕвање. Дербито се игра на Енфилд Роуд каде гостува Бешикташ. Нашиот интернационален судија Александар Ставрев ќе ја суди Севиља - Менхенгладбах.
Тренерот на Генгам, Жоселин Гувернек го однесе клубот од трета во прва лига, сезонава ги совлада ПСЖ и Монако и е единствен француски тим во Лигата на Европа. Сонот му е да стаса до Енфилд Роуд.