Резултатот Генгамп – Ница 2:7 беше тотално неочекуван, барем за тие што редовно играат во кладилница и знаат добро дека во Франција обично не паѓаат по толку голови. Веројатно никој не ја ни фатил 7+ (не ги исклучуваме местачите).
Најтешко му беше на данскиот голман Јохан Лосл кој по високиот пораз реши да се ослободи од ракавиците со кои не му одеше на домашен терен против Ница.
Најголем кошмар му беше Бразилецот Карлос Едуардо, кој постигна 5 голови и тој стана првиот играч кој по 30 години успеал да постигне толкав број на погодоци на еден меч во Лига 1.
Ако се суди по овој примен гол, тогаш треба да ги фрли и копачките