Во неделата дојде крај на импресивната серија на Монако. Тимот од кнежевството немаше примено гол од ноември минатата година или поточно 842 минути. Одиграа осум средби на кои ја сочуваа мрежата незатресена и победија на шест од нив. Дел од противиците им беа екипи како Марсеј, Бордо, Лион и Сент Етјен, но конечно се најде тим што ја реши загатката.
И покрај тоа што Генгамп во поголемиот дел од средбата играше со играч помалку, минатиот викенд со голот на левиот бек, Дориан Левекве Генгамп му ја прекина серијата на Монако без примен гол.
Тоа не беше првпат сезонава да го земе скалпот на некој од гигантите, па така во декември на ПСЖ му ја прекинаа серијата од 17 натпревари без пораз. Генгамп е и единствениот француски клуб што остана во Лигата на Европа.
Се пласираше по освојување на националниот куп во финалето против Рен и сите им предвидуваа дека не можат да стигнат многу далеку. Се испостави дека од ЛЕ испаднаа Лион (од романската Астра Ѓурѓиу) и Сент Етјен и Лил кои немаа ниту еден бод во групната фаза
За разлика од нив, Генгамп ја направи горда цела Франција, откако освои десет бодови во релативно тешка група против Фиорентина и ПАОК. Ги победи Грците и дома и на гости и во нокаут фазата ќе игра против Динамо Киев. Не така лоша сезона за клуб од селото Бретон со 7.500 жители, кој игра на стадионот Рудуру (капацитет од 18.000 жители).
Најдобрата сезона во историјата на Генгамп датира од сезоната 2002/2003, кога во нападот го имаа тогаш малку познатиот шпиц Дидие Дрогба и анонимното крило Флоран Малуда. Тандемот формираше напад кој го одведе Генгам до второто место на крајот од сезоната со само шест бодови помалку од лидерот Лион. Таа година со Дрогба, францускиот клуб постигна неверојатни 59 голови.
Дрогба и Малуда го напуштија Генгамп следното лето и заминаа во Челси. Клубот многу претрпе и следната 2004. испадна од лигата. Во 2010. година, Генгамп се најде во третата француска лига и само чудо можеше да го спаси клубот од натамошно пропаѓање. За револуцијата на Генгамп е одговорен еден човек, тоа е Жоселин Гувернек (42), еден од најпросперитетните млади тренери во Европа. Гувернек го превзема Генгамп во летото 2010. година и веднаш го врати во втората лига.
Гувернек има необична играчка кариера. На неколку недели пред почетокот на ЕП '96 година се повреди и неговото место во репрезентацијата го доби Јури Џоркаеф. После тоа, Гувернек остана без ниту еден настап за „галските петли“.
„Сум видел сè, од највисоко до најниско. Играв во сите лиги, за големи и за мали клубови. Бев без ангажман четири месеци, тешко се повредив, бев идол во Рен и во Нант, а потоа ме избркаа од Марсеј“, вели Гувернек, кој завршил филозофија, чита многу и е политички лево ориентиран.
Речиси симболично, Гувернек ја заврши играчката кариера на ист ден со Зинедин Зидан, кој се повлече по ударот врз Матераци во финалето на СП 2006. година. Гувернек ги закачи копачките на клинец во Клермон, екипа која испадна во третата лига, а тој немаше понуди за нов клуб.
Почна тренерска кариера, со аматерскиот клуб Ла Роше, каде остана две години пред да биде промовиран во тренер на Генгамп.
Екипата под негово водство во дебитанската сезона се врати во Лига 2, откако даде 87 голови на 40 натпревари. Две години подоцна, Генгамп се врати во првата лига, заедно со Монако и Нант. Стилот на Гувернек е различен од оној на Јирген Клоп, иако постојат некои сличности со Французинот кој шест години е во Генгам и Јирген Клоп, кој седум години го водеше Мајнц пред да го превземе Дортмунд во 2008. година.
Кристално е јасно дека Гувернек нема уште долго да се задржи во Генгамп и додека сите ја нагаѓаа неговата следна дестинација. Негов тим од соништата се вика Ливерпул.