Француски Рен е најголемо откритие во Лига 1 во последните сезони. Благодарение на фантастичните игри, тимот предводен од Жилиен Стефан се најде во Лига на шампиони, а во сезоната 2019/2020 повторно се бореше за највисоки дострели.
Клубот од северот на Франција има сјајна трансфер-политика: препродава перспективни Французи и Африканци, а во исто време школува нови бисери од својата академија.
На пример летово во Челси го продадоа голманот Едуар Менди за 24 милиони евра (а претходно го купија за 7). Главен талент во тимот и симбол на современиот Рен е 17-годишниот Едуардо Камавинга кој во вторник ќе заигра во Лига на шампиони против руски Краснодар на отворањето на сезоната во елитата.
„Едуардо, ти си надеж на ова семејство. Ти ќе не однесеш до врвот“, му рекол Селестин Камавинга на својот 10-годишен син. А малиот не го сфатил сериозно и се смеел. Кога истите зборови му ги повторила и мајка му Софија, Едуардо се уозбилил.
Домот на фамилијата Камавинга во градот Лексус (на 50 километри од Рен) изгорел во страшен пожар до темел.
„Памтам како вчера да беше. Од прозорот на школото гледав како брзаат пожарникарски коли, ама не сфаќав што значи тоа. После часот директорот не викна мене и помалата сестра и ни кажа дека домот ни изгорел во пожар“, се сеќава најголемиот талент во Европа во интервју за Ouest-France.
Во домот ништо не останало. Родителите на Едуардо успеале да спасат само некои работи од собата на прв спрат. Им изгореле сите документи.
Градските власти им нашле привремено живеалиште, но не им станало полесно. Бегалците од Ангола во тој период живееле многу сиромашно во Франција.
ВО 2019 ЕДУАРДО НЕМАЛ НИКАКВИ ДОКУМЕНТИ, АНГОЛА И ФРАНЦИЈА ГО ОДБИВАЛЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО, ПА ЗАТОА СЕ ПИШАЛ КОНГОАНЕЦ
Дури и француските медиуми често грешеле каде е роден Камавинга и кои репрезентации можеле на него да сметаат.
Едуардо е од Миконжа, бегалски камп во провинцијата Кабинда, ексклава на Ангола меѓу Република Конго и Демократска Република Конго (поранешен Заир).
Фудбалскиот клуб Рен каде Камавинга тренирал уште од мал цели 2 години се обидувал да изади француски пасоши за 15-годишниот Едуардо и за неговите родители.
Но и Ангола и Франција одбивале да им издадат документи. Едуардо можел да бира за кого ќе игра во иднина - за ДР Конго, за Англола, за Република Конго или за Франција. Логично, живеел и растел во Франција и секогаш сакал да игра за „триколорите“.
Кога веќе виделе за каков талент се работи, конечно Французите му издале документи. Од декември 2019 Камавинга е државјанин на Франција. Нему, на татко му и помладите брат и сестра им дале државјанство на церемонија во префектурата Ил и Вилен.
(прво пеење на Марсејеза во соблекувалната на Рен)
9 месеци откако ги добил документите, неверојатниот талент Камавинга кој игра во средниот ред, дебитираше за репрезентацијата на Франција. Заигра на спектакуларниот меч против Хрватска (4:2) во Лига на нации и стана најмладиот репрезентативец на Франција по Втората светска војна.
На оваа вест реагираше федерацијата на Демократска Република Конго: „Ние многу сакавме Едуардо да биде еден од нашите 'леопарди', но тој ја избра Франција. Му посакуваме успех, тој секогаш ќе биде наш син“.
Во репрезентацијата опкружен со најголеми светски ѕвезди како Мбапе, Гризман, Погба, Лорис, Камавинга се однесува многу скромно. Барем така вика голманот на Тотенхем и капитен на Франција.
„Дури и чекаше сите да седнат на маса, за да на крај најде слободно место“, раскажал Уго Лори.
После месец дена Едуардо постигна прекрасен гол во убедливиот триумф на Франција против Украина 7:1 на пријателски меч:
КАКО МАЛ ТРЕНИРАЛ ЏУДО, А ВО РЕН ГО ВИДЕЛЕ НЕГОВИОТ ТАЛЕНТ ЗА ФУДБАЛ
Едуардо Камавинга е трето од шест деца во семејството. Неговите родители се запознале во Ангола, но две години по раѓањето на Едуардо пребегале во Франција. После тоа малиот никогаш не бил во родната земја. Таму ден-денес живеат баба му и дедо му со кои Едуардо разговара само на телефон.
Родителите емигрирале во Фужер, мало градче на 50 километри од Рен. Татко му работел како касап во месарница, а мајка му ги чувала децата. На 7 години Едуардо почнал да тренира џудо по стапките на постариот брат Себастио, но дома играл фудбал.
„Кршев со топка практично се. На балкон имавме масичка. Не знам како успеав да паднам на неа. Бевме дома со мајка ми па ме истепа. Сега играм со помалиот брат Селио ама сега сум многу попрецизен“, се смее ѕвездата на Рен за кого Реал се спрема да даде над 100 милиони евра следното лето.
Едуардо од мал навива за Рен. Негови омилени фудбалери се Јан Мвила и Џонатан Питроипа (некогашен играч на Рен и Хамбург, репрезентативец на Буркина Фасо кој беше биран за најдобар играч на Купот на Африка 2013).
Но во саканиот клуб Камавинга се нашол сосема случајно. И тоа откако изгубил од Рен со својот тим 3:0.
„Играв за Парон Суд, обична школска екипа. Нормално и логично Рен не доби 3:0. Иако обично нивните деца победуваа по 10:0. Јас играв стопер, па затоа мене ме викнаа во Рен. Искрен да бидам, не можев да поверувам“, се сеќава Едуардо.
ПОЗИЦИОНО ИГРА КАКО ПОГБА, МНОГУ СЕ СЛИЧНИ
„Не сакам многу споредби. Искрено ме инспирира Пол Погба. Многу јак играч е со неверојатни квалитети. Пол се докажа и на репрезентативно ниво - светски шампион е.
За Едуардо, ѕвездата на Манчестер Јунајтед вели:
„Многу ми е убаво што го гледам Камавинга во дресот на репрезентацијата. Сакам да освои апсолутно се. Има квалитети. Игра со леснотија, како мал танцувач. Ме потсеќа на мене самиот. Едуардо игра без грешка, многу добро, самоуверен е. Камавинга е многу талентиран и многу ми се допаѓа“, го изнафалил Погба неодамна.
Парадоксално Камавинга првиот повик да заигра за Франција го доби за да го замени позитивниот на вирус, Пол Погба. За Едуардо пофални зборови има и Хатем Бен Арфа, некогаш златното дете на францускиот фудбал кој блесна токму во Рен.
„За негова возраст покажува многу различности во играта. Најголем квалитет му е што без мака ги пренесува тие навики од една во друга возраст се до сениорски фудбал“, велат за него неговиот прв тренер во Рен Џо Бјорел и Бен Арфа.
„Првпат сретнувам фудбалер со толку квалитети. Кога требаше да чуваме резултат го стававме во одбрана. Кога ни требаше гол го стававме понапред во напад. Спремен е да ги изврши апсолутно сите задачи“, вели Бјорел.
„Нашата заедничка реакција на неговото појавување беше: Вау! Малиот е просто неверојатен. На технички и физички план е ѕвер. Се прави идеално. За мене тој е пример на современ везен играч. Нема работа што не може да ја направи. Игра одбрана, краде топки, јак во воздушни дуели, ствара шанси, дава голови, асистира. Камавинга е многу јак физички и надарен технички. Паметен е и елегантен. Ретко на негова возраст да најдеш толкав збир на квалитети“, вели Бен Арфа.
Поголем квалитет од Погба му е тоа што добро се брани и постојано работи без топка во одбраната. Тоа е главен недостаток на Погба.
СЕЗОНАВА МУ СЕ СМЕНИЛА УЛОГАТА, ИГРА ПОНАПРЕД
Еден од најголемите квалитети на Едуардо Камавинга е што со леснотија менува позиции. Камавинга во минатата сезона и оној од стартот на оваа се два различни играчи.
Минатата саезона играше во среден ред во формација 4-4-2 или 3-5-2, а сега е во улога на плејмејкер во крајна фаза на нападите.
Во Рен ја добил 10-та, а на негово место позади дошол Стивен Нзонзи. Сега Рен игра 4-3-3 и Камавинга е позициониран повисоко. Тој е најслободен играч во тимот. Максимално го користи просторот кој му се нуди и им асистира на напаѓачите.
ГО БАРАШЕ ЗИДАН ВО РЕАЛ, НО ЕДУАРДО ОСТАНА ВО РЕН ЗА ДА ИГРА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Минатата сезона France Football го нарече октритие на годината. Реал сериозно се заинтересира за него и по пишувањата на АС, Зидан веќе го гледа во Мадрид.
Но тренерот на Рен Жилиен Стефан рекол за L'Equipe du Soir дека го замолил Камавинга да остане уште една сезона.
„Во Рен сите зборуваат за него: од физиотерапевти до соиграчи. Сите го бодрат и го мотивираат. Ова е идеален клуб за него. Опружувањето на теренот многу му влијае врз играта. Камавинга е мал феномен. Многу е талентиран и не се губи на големи натпревари. Во Рен има заштитници, а во други клубови ќе го гледаат како конкурент“, рекол во интервју за L'Equipe Лоран Паганели, најмладиот дебитант во историјата на Лига 1.
Камавинга ќе остане во Рен сезонава. Но се очекува следното лето Реал Мадрид, кој за првпат после повеќе од 40 години летово не потроши ни еден цент за нови играчи, догодина да даде повеќе од 100 милиони за најголемиот европски талент.
Едуардо вечерва ќе заигра во Лига на шампиони против Краснодар.