Таг: др конго

Вашиот мобилен го помага вработувањето на деца во Африка

Кобалтот е еден од клучните метали за создавање на литиумските батерии што се користат во сè, од мобилни уреди до Тесла возила. 60% од кобалтот во светот се вади во ДР Конго, побарувачка која обезбедува сигурно и платено вработување за десетици илјади деца.

Белгија го враќа единствениот остаток од херојот на Конго

Патрис Лумумба кратко откако е сменет од власт со белгиска помош е заробен од тамошните власти, стрелан во присуство на белгиски офицери, за потоа неговото тело да биде откопано од белгиски офицери, раскасапено со пила, распаднато во солна киселина а коските смелени и расфрлани. Од Лумумба останат е еден златен заб, зачуван од неговиот касап, кој до сега се чуваше во Белгија.

Да го видиш Мвумби како фраерски танцува

Ракометарите на Конго ја победија Ангола во доигрувањето и тоа беше прв триумф во историјата за нив на едно Светско првенство, а нивниот најекспониран ракометар знаеше да прослави.

Како пикерот од Конго ги јача своите

Велат дека ако можеш да го поминеш него, можеш секого да поминеш. Ама проблемот е што него не можеш да го поминеш.

А пивотот на Конго што го хранат со лавјо месо

Братот Готие Мвумби Тиери е роден на 15 мај 1994 година во Франција од конгоански родители. Игра за клубот Dreux AC во 4-та лига на Франција. Висок е 1.92 а за тоа колку е тежок оставаме на ваша слободна проценка. Викаат 110, ама радо би се кладеле на повеќе.

Бегалецот на кого му изгорел домот, немал документи, а сега е главна ѕвезда во Франција

17-годишниот Едуардо Камавинга до пред само неколку месеци бил одбиен за документи од Ангола и од Франција. Во голем пожар куќата на неговото семејство изгорела до темел. Живееле во тешки услови и сиромашно. Реал спрема за него повеќе од 100 милиони евра.

Конго измисли 6.000 мртви, само за да продаваат вакцини

Од измислена смртоносна епидемија на измислени смртоносни сипаници во Демократската република Конго починаа измислени 6.000 луѓе. Нормално дека ништо од ова не е измислено, ама кој да се објаснува.

Приказната за најголемиот преварант и боксерски промотер Дон Кинг

Човекот кој направи милиони со договарање боксерски дуели и кој во болничка постела му донел 50 адвокати на Мухамед Али да потпише дека се откажува од барањето за оштета од 1,1 милион долари.

Азилантот од Конго кој се прослави во Париз, па потпиша за 8 милиони евра во Штутгарт

Чудни се судбините на африканските млади таленти за кои во западните земји се става рака на очи за нивните административни фалсификати. Необична е сторијата за младиот Сила од Киншаса за кој допрва треба да се слушне.

Необичен навивачки колорит - убавината на Купот на Африка

Купот на Африка (пандан на Европско првенство) не е само чудни стадиони и специфичен фудбал, туку и необични навивачи какви што никогаш нема да сретнете на Европско или во Лига на шампиони.

„Чиста топка, судија, не го пипнав“

Девојки, жени, љубовници - немојте никогаш, ама никогаш да го направите ова. Ни ненамерно нит намерно, како црепов.

Епл би копал кобалт до последен Африканец

Кобалтот е клучен дел на секоја можна литиумска батерија во светот, без разлика дали за смартфони, таблет уреди и лаптопи, или бор-машини и Тесла возила. Проблемот со него е што го има во многу ограничени количини, многу тешко се вади (често пати од деца рудари) и Кинезите обезбедија многу голем дел од светските резерви доминантно сместени во Африка.

Колку заработуваат странците сезонава во НБА

Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?

Столарот кој од уличен фудбалер стана главен играч на Евертон

Конгоанецот Јаник Боласи е непредвидлив финтаџија. Нема смислено дриблинзи, туку прави што ќе му текне во моментот и затоа дефанзивците имаат мака со него. Боласи раскажува за роднинските односи меѓу Африканците каде секогаш некој не зборува со некого.

Четворица можеа да ја изберат Македонија, но избраа друго

На Европското првенство кое почнува вечерва од 21 со мечот Романија - Франција, над 166 фудбалери можеле да бираат за која земја ќе играат поради тоа што родителите или бабите и дедовците им мигрирале во други држави и стекнале услови за државјанство. Со клик на мапата, а потоа и на секоја земја може да видите колку играчи можеле да одберат друга репрезентација. Кај Франција од 23 репрезентативци, 15 имале право да играат за друга земја, а македонскиот дрес бил алтернатива за: Емре Мор (клуб Дортмунд/ репрезентација Турција/ по баба Македонец), Блерим Џемаили (Џенова/Швајцарија/Боговиње, тетовско), Адмир Мехмеди (Б. Леверкузен/Швајцарија, Гостивар), Насер Алији (Базел/Албанија/Куманово).

Мајчински обреди низ фотографија

Во различни светски култури, па и во македонската, прворотката ужива посебна почит, но е подложна и на различни забрани. Еден француски фотограф ги истражува ваквите обреди во Демократска Република Конго.

Јунакот на Заир што ја рогна топката за да остане жив

Минатиот петок во ДР Конго почина поранешниот репрезентативец на Заир, кој стана познат по гестот против Бразил на Мундијалот во Германија пред 31 година за кој му се смееше цел свет, а тој го направил од мака.

Пет најголеми африкански таленти во моментов

Викендов почнува Африканскиот Куп на нации кој ќе се одржи во Екваторијална Гвинеја, а скаутите на европските тимови ќе имаат полни тефтери работа.

Човечки жртви во нашите смартфони

Маркус Блисдејл е фотограф кој снима во Африка и знае што влегува во нашите паметни телефони. И повеќе отколку што ние сакаме да слушнеме.