Човечки жртви во нашите смартфони

Маркус Блисдејл е фотограф кој снима во Африка и знае што влегува во нашите паметни телефони. И повеќе отколку што ние сакаме да слушнеме.

Блисдејл е британски фоторепортер кој уште од 1999-та година ги документира незамисливите ужаси кои се случуваат во Демократска Република Конго.

Во тој период, десетици илјади деца војници беа инволвирани во конфликтите кои досега одзеле - пазете - 5 милиони животи.

Во суштината на сите тие грозоморни дејствија се таканречените конфликти минерали. Меѓу другото злато и дијаманти.

Но, во последно време, крв се лие и за танталум, тунгстен и калај, три елементи кои се користат за производство на смартфони, лаптопи, таблети, камери и друга електронска опрема.

Секој во светот денеска користи сериозна количина електронска опрема. И во секое парче опрема има нешто од Конго, вели Блисдејл.

Тој во источно Конго е од мали нозе. Крвопролевањата го затекнале кога имал само 11 години, исто колку една негова братучедка која на таа возраст морала да носи калашњиков. Само за 12 месеци во периодот 2006-2007-ма, во Конго биле силувани 40.000 жени и девојки, бидејќи силувањата се една од омилените тактики на тамошните господари на војната.

Блисдејл не сугерира бојкотирање на електронската опрема, бидејќи и самиот користи еден куп таква - камери, фотоапарати, телефони  и сл. Според него, потребен е глобален притисок технолошките компании да престанат да користат тн "конфликтини минерали" за кои сериозно се гине.

 

24 септември 2013 - 10:49