First We Take Manhattan...

Катарски милијарди во американските школи

Катар наводно вложил повеќе од 20 милијарди долари во американски универзитети и други врвни академски институции како дел од долгорочниот план на Муслиманското братство да се инфилтрира во САД и да ја „уништи“ демократијата одвнатре, предупредува истражувачки институт. Додаваат дека малициозното финансирање можеби е и фрапантно поголемо.

Институтот за проучување на глобалниот антисемитизам и политика (ISGAP) тврди дека Фондацијата Катар, финансирана од владејачкото кралско семејство Ал Тани, вбризгува десетици милијарди долари во институции за да ѝ помогне на сунитската исламистичка група да  обезбеди упориште во американскиот образовен систем.

„Кралското семејство на Катар има Баја - духовна заклетва - кон Муслиманското братство, па вложува многу, многу милијарди долари во нашите универзитети и училишта, од градинки до 12-то одделение и културни институции, користејќи влијание и мека моќ за да ја промовира својата идеологија“, тврди д-р Чарлс Ашер Смол, извршен директор на ISGAP.

Паричните траги откриени од Институтот покажуваат дека само во Универзитетот Корнел, катарскиот режим донирал неверојатни 10 милијарди долари во текот на годините. Помали износи биле доделени на институции како што се Универзитетот Џорџтаун, Тексас А&М и Универзитетот Браун.

„Ова е само врвот на ледениот брег“, вели Смол кој проценува дека вкупната сума би можела да биде „најмалку 100 милијарди долари“, бидејќи неговата екипа досега „погледнала само неколку универзитети“.

 

23 ноември 2025 - 09:22