Да го видиш Мвумби како фраерски танцува

Ракометарите на Конго ја победија Ангола во доигрувањето и тоа беше прв триумф во историјата за нив на едно Светско првенство, а нивниот најекспониран ракометар знаеше да прослави.

Ѕвездата на Мундијалот, Конгоанецот Тјери Мвумби Гаутије во завршницата постигна два решавачки гола за победа 32:31 и на крајот прослави со соиграчите:

Конго испадна во првата фаза и сега игра во доигрувањето од 25 до 32 место на Мундијалот, во група со Тунис, Ангола и Зеленортски острови кои се откажаа од учеството пред неколку дена.

22 јануари 2021 - 11:29