Се сеќавате ли на Тјери Готије Мвумби од Светското во Египет кој го доби прекарот „ракометниот Шек“? Епа уште се рова на терен и изгледа се здебелил.
Си биле тројца пикери. Столе Стоилов, Жарко Пешевски и Готие Мвумби. Нашиве двајца се шланг за братот од Конго.
Ракометарите на Конго ја победија Ангола во доигрувањето и тоа беше прв триумф во историјата за нив на едно Светско првенство, а нивниот најекспониран ракометар знаеше да прослави.
Велат дека ако можеш да го поминеш него, можеш секого да поминеш. Ама проблемот е што него не можеш да го поминеш.