Каде е и што прави легендарниот пикер на Конго на кој килажата му остана мистерија?

Се сеќавате ли на Тјери Готије Мвумби од Светското во Египет кој го доби прекарот „ракометниот Шек“? Епа уште се рова на терен и изгледа се здебелил.

Мвумби беше хит број 1 на Светското ракометно првенство во Египет во 2021-ва, а со него слика имаат и Столе Стоилов и Жарко Пешевски, кои изгледаат шланг во споредба со него.

Со својот габарит, нетипичен за спортист, привлече големо внимание и некои веројатно сметаа дека брзо ќе прегори, нешто слично како Страхиња Милиќ кој зајде со килажата.

Но Мвумби беше главна ѕвезда во Конго, а неговата линиска игра беше опишана како речиси незапирлива. Постигна 20 поени од кои четири против светскиот првак Данска и на два меча беше прогласен за најкорисен играч во својата репрезентација.

Паралелно со Европското во Германија, тој со својот национален тим настапува на Африканското ракометно првенство, каде учествуваат 16 селекции.

Успеа да ја мине групната фаза, но во четвртфиналето загуби од Ажлир и сега во дуел со Мароко ќе се бори за место меѓу 5 и 8 позиција.

Инаку според најновите фотографии од континенталното натпреварување во Африка, Мвумби делува на уште подебел.

На Светското пред две години беше официјално заведен со 89 килограми, податок кој беше корегиран на 110. Според некои извештаи и таа бројка не беше точна, туку 137 кг. Висината му е 192 см.

Мундијалот на Мвумби му донесе и слава. Даде 30 интервјуа за разни светски медиуми, а неговиот профил на Инстаграм за две недели порасна од 225 на 27.000. Сега има 54.000 фанови. Хандбал планет го нарече „Најпопуларниот ракометар на земјата“.

Пикерот на Конго го доби прекарот „ракометниот Шек“, а по мечот на Конго против Аргентина, О`Нил постираше видео како разговара со него, нарекувајќи го помал брат, за потоа и да се запознаат.

По тоа Светско, Мвумби призна дека станал симбол на спортист кој докажува дека може да се игра и со прекумерната тежина. Добил многу трогателни пораки од луѓе кои се бореле со проблеми со тежината, а тој се обидел да им одговори на сите.

29 годишниот Мвумби растел како кошаркарски фан на Џордан, Џејмс, Дурант и О`Нил, а ракомет почнал да игра на 13 години.

Кога го прашале по што се разликува од другите, одговорил:

„По мојата фигура и мојата ефикасност. Мојата сила е моја сила, а брзината ми е за пократки растојанија“.

Внимавајте добро како ја смести во гол.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @gauthiermvumbi

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @gauthiermvumbi

А пивотот на Конго што го хранат со лавјо месо

Како пикерот од Конго ги јача своите

24 јануари 2024 - 13:17