Штета што селекцијата на Конго вечерва се простува со Мундијалот во Египет, што значи ќе жалиме по Готие Мвумби Тиери, хит број 1 на првенството. Го имаме ние Столе, ја имавме и Анжела Платон во Кометал, европски прваци нели, ама не се споредуваат со краљов на кој му ги кријат килограмите кои наводно биле 110. Како не бе.
По поразите од Аргентина и Данска, Конго загуби и од Бахреин, што значи завршува на последната позиција во групата Д. И покрај тоа што Бахреин во својот табор имаше ракометар со 9 гола, сепак за играч на мечот беше прогласен 26 годишниот Мвумби кој не се сопира.
Вечерва постигна 5 гола, а вкупно на сите три меча имаше фантастична реализација или поточно 13 гола од 14 обиди.
🇨🇩 Gauthier Mvumbi Thierry wins the Player of the Match Award with an exceptional performance! 👏 #LesLéopards | #Egypt2021 pic.twitter.com/wAcuqdd2qJ
— Handball Egypt2021 (@Egypt2021EN) January 19, 2021