Евертон започна нов живот - без Џон Стоунс и Роберто Мартинез (стана селектор на Белгија и го викна Тиери Анри за помошник), но со Роналд Куман и парите на милијардерот Фархад Мошири.
Ги купија Идрис Гуеје за 7,1 милиони фунти од Астон Вила, капитенот на Свонси Ешли Вилијамс за 12 милиони и голманот Мартин Стекеленбург. За англиски услови ова не изгледа интензивен шопинг. На 15-ти август решија да го одврзат ќесето и за 25 милиони фунти го купија Јаник Боласи од Кристал Палас. Прескапо? Да, иако пред пет години Манчестер Сити толку даде за ѕвездата на Арсенал, Самир Насри.
Овој трансфер беше причина да се присетиме како Јаник Боласи од комичен тркач стана еден од најинтересните играчи од средниот ред во Премиер лигата.
Конгоанецот има фирмиран трик
Во декември 2014. година, Тотенхем и Кристал Палас се сретнаа на „Вајт Харт Лејн“. Завршија без голови. Тоа беше типично реми без многу интересни моменти, но еден долго време се вртеше по медиумите. Добро, се вртеше сè до страшниот гол на Деле Али токму против Кристал Палас.
Финтата на Јаник Боласи моментално стана хит. После тоа под името Flick 360 оваа финта беше вклучена на списокот на специјалните движења во играта FIFA 16 каде виртуелниот Боласи е раме до раме со ѕвезди како Роналдо и Нејмар. А таа вечер еден англиски коментатор посомневал дека Јаник не ги смислува финтите, туку прави што ќе му дојде во моментот.
Не дека не верувал во способностите на крилниот играч на Кристал Палас, туку просто затоа што репутацијата на Конгоанецот како интересен дриблер уште не беше изградена. Во очите на стручњаците Боласи спонтано прави финти а понекогаш прави и некои глупости.
Неговите карактеристики најточно ги опиша Нил Ворнок кој го тренирал Јаник во Кристал Палас: „Тој е закана. Проблемот тука е што тој не знае што ќе направи и одбранбените играчи не се свесни што му е намерата“.
Наскоро Боласи сними и видео на тренинг на кој ја повтори неговата финта неколку пати:
Боласи го воспитала улицата
Финтите Боласи ги учел во паркот во реонот Вилесден во северо-западен Лондон. Ученикот Јаник секој ден од прозор ги гледал рефлекторите на „Вембли“ (роден е во Лион, но на 7 месеци со родителите се сели во Англија). Како мал не бил во некој професионален клуб и играл на тревата од градскиот парк. Целата фудбалска непосредност ја научил таму. Се сеќава дека како мал со другарите бирале репрезентации. Некој бил Бразил, некој Аргентина, некој Англија.
Тогаш значајно го проширил познавањето на географија затоа што во паркот доаѓале по 30 деца. Јаник сфатил дека за да ја држи топката подолго треба да го менува правецот на трчање и други финти. Во паркот имало и детски дрвени куќи, клупи, лулашки и сите тие станале дел од шампионатот на Вилесден.
Боласи, како и многу од неговата генерација биле луди по Роналдињо. Тој поминувал саати и саати за да ги повтори финтите на Бразилецот чија уметност ја имитирал. “Сакав да го гледам. Сега има многу малку слични играчи како него. Сега е потешко затоа што оддеднаш сите гледаат само на статистиката“, вели Јаник Боласи, фудбалерот на Евертон.
Јаник често го нарекуваат еден од последните улични искрени фудбалери кои останале во Премиер лигата. Ова се однесува на стилот на игра, но и во секојдневниот живот. Конгоанецот никогаш не заборавил каде пораснал. Објавува видеа како тренира со брат му во дворот на родителите, на неговиот Твитер (да бидеме чесни, се приклучил на барање на менаџерот), можете да најдете фотографија од игралиштето со натпис „Местото каде се започна“.
Јаник често на децата во неговото маало им покажува со што се соочуваат бековите во Премиер лигата.
@lneryouthfc player takes on @YannickBolasie at presentation night pic.twitter.com/0TDPAwd3Jx
— Intro (@IntroDjLondon) May 31, 2015
Првенството на Малта ја спасило кариерата на Боласи
Меѓу паркот во лондонскиот Вилседен и Премиер лигата Боласи играл во аматерските клубови „Рашден енд Дајмондс“ и „Хилингдон Боро“. Јаник го цени ова искуство и се споредува себеси со Џејми Варди на истиот пат од темниот свет, сркшените соблекувални и невработените бекови-касапини.
Еднаш кога тренерот морал да го замени на полувремето од безбедносни причини поради дивите ривали, Боласи одбил да излезе и сакал преку силни и груби дуели да го смени својот начин на игра.
По сериозните клубови Плимут, Барнет и Бристол - Боласи една година играл и во првенството на Малта. Таму стигнал благодарение на роднинската врска со Ломана Луа-Луа (да, од Њукасл). Звучи чудно, но кариерата на Малта на стартот почнала да му оди во надолна линија. Со 18 години Боласи имал проблем да се привикне (попат, во строгите прописи на првенството на Малта стои лимит на странски играчи: не повеќе од тројца во екипа). Но наскоро Јаник почнал да игра и да дава голови.
Сонот да игра професионален фудбал му се остварил, но веројатно не би постигнал ништо ако не го оставил столарството.
„Пред да заминам на Малта бев спремен да станам столар. Планирав да работам кај таткото на еден мој другар, но тогаш добив понуда од тимот Флориана. Останатото е историја“, напишал Боласи во блогот Sportlobster.
Како резултат на тоа, неодамна сите спортски весници на Малта излегле со насловна страна: „Евертон купува наш поранешен фудбалер за 28 милиони фунти“!
Играта за Конго за Боласи е друг свет
Луа-Луа му е роднина со кој имал прилично сложено семејни односи, така карактеристично за африканските фудбалери. Роден во Франција и рано преселен во Англија, Боласи имал можност да игра за било која од овие репрезентации, а тој се решил за земјата на неговите родители - Демократска Република Конго (поранешен Заир). Голем удел во ваквиот избор имал и татко му на Јаник кој го однел да игра за Конго уште во младинските селекции.
За фудбалот во Конго во својата автобиографија раскажал соиграчот и близок другар на Боласи, Габриел Закуани:
„Во деновите пред средбите на репрезентацијата сите полудуваат. Ако победиме тоа е празник, државен ден на победата, прослави до следниот меч. Ако загубиме тоа е трагедија. На тренинг комотно доаѓаат по 40.000 луѓе, пеат, играат, викаат. После еден час се симнуваат на теренот за да се сликаат за Фејсбук. За нас се грижат полицијата и војската кои не спроведуваат кога одиме некаде“.
Африканскиот фудбал, како што го опишува Закуани е со распадната инфраструктура и никакви автобуси. Го нема сјајот и луксузот од Премиер лигата. За напуштање на Конго се приморани да размислуваат оние кои немаат што да добијат од животот таму.
„Ова е потполно поинакво искуство. Луѓето се приморани да се борат, понекогаш дури и понижувачки. Посетивме едно женско школо. Изградено со цел да ги вдоми силуваните девојчиња. Одлучено е да им се даде неопходна едуикација и заштита од ваквите проблеми. Нашите луѓе немаат средина. Или се многу сиромашни или се многу богати. Нема ништо измеѓу“, вели Боласи.
Нема многу добри работи во Конго, додава Закуани кој опишал и една интересна сцена од познанството со Боласи. Тоа се случило во третата англиска лига кога Габриел како играч на Петерборо стартувал над Јаник од Плимут.
„Ми кажа: Бев дома кај тебе кога беше мал. Помислив: Проклетство, ова е смешно. Игравме цел меч еден против друг а тој продолжи да ми зборува за куќата каде сум растел, за браќата и сестрите кои ги памти по име. После мечот поразговарав со своите родители и се испостави дека моето семејство не разговарало со неговото. Од тогаш ние двајца почнавме да разговараме“.
Боласи е фанатик во работата на себе
Да, Бредли Рајт-Филипс точно знаел каде да биде во даден момент. Боласи признава: тоа што му недостигало и за што му престоела сериозна работа ако сака да се издигне на повисоко ниво била фанатичната работа. Дал само 9 голови за три сезони во Премиер лигата - што за крилен играч и не е ништо посебна.
Олеснителна околност му беше тоа што Кристал Палас отсекогаш бил специфичен тим во кој статусот најдобар стрелец традиционално го имаше стоперот Скот Дан. Но истовремено забавно е што Јаник станал првиот играч на „Палас“ кој дал хет-трик во англиската Премиер лига (тој ден не му бил денот на Сандерленд).
Конгоанецот многу работел на сопствениот напредок. Ана Кесел која правела интервју со Боласи за The Guardian забележала дека Јаник со себе секаде носи тетратка. Во неа тој ценува на што треба да работи за да ја подобри својата игра. Исто така забележува што јадел за доручек, ручек и вечера.
Во контролата на исхраната му помагал и фитнес тренерот Рајан Вилсон кој му направил програма. Јаник Боласи со Вилсон се запознал уште во Бристол. По првиот впечаток кој му го оставил Конгоанецот, Вилсон вели дека му делувал многу слаб и тенок. Сега играчот од средниот ред има околу 85-86 кг.
Со таква тежина и висина, Боласи може да учествува и во бокс борбите во категории „до првата тежина“. И покрај тоа Рајан Вилсон вели: „Боласи станува се помоќен, не губи на брзина. 40 метри трча меѓу 3,8/4,2 секунди и ништо не најавува таквиот тренд да не продолжи. Боласи констатира дека работата со Вислон го разбудила ѕверот во него. И онака, глупаво е да се помисли дека би можел да се исплаши од фрлени пластични шишиња.