Приказната за најголемиот преварант и боксерски промотер Дон Кинг

Човекот кој направи милиони со договарање боксерски дуели и кој во болничка постела му донел 50 адвокати на Мухамед Али да потпише дека се откажува од барањето за оштета од 1,1 милион долари.

Промотерот Дон Кинг е легенда на боксот кој се прослави надвор од рингот, затоа што внатре не му било интересно. Кинг е човекот кој го воздигна па му ја спушти кариерата на Мајк Тајсон. Од средината на ’70-те до почетокот на 2000-те години тој водеше главен збор во светскиот бокс.

Дон Кинг е најчесниот преварант кој организирал повеќе од 500 меча за титулата светски шампион и направил милионери од повеќе од 100 свои клиенти.

ГО ИНТЕРЕСИРАЛ БОКС УШТЕ ОД ДЕТСТВОТО, НО СЕ ОТКАЖАЛ ОТКАКО ГО НОКАУТИРАЛЕ НА ПРВИОТ МЕЧ

Доналд „Дон“ Кинг е роден на 20 август 1931 година во градот Кливленд. Бил петто од шесте деца во семејството на Кларенс и Гети Кинг. Сопружниците тешко преживувале. Работел само Кларенс и тоа во тешка индустрија за производство на челик.

Кога малиот Дон имал 10 години, татко му загинал во несреќен случај на работно место.

Книгата малку го интересирала идниот промотер. Се занимавал буквално со се и сешто. Продавал кикирики, стари работи, одел на берзата итн. Но ништо од тоа не му носело приходи. Откако наполнил 20 години нашол работа од која ги заработил првите големи пари - организирање на хазардни игри (комар).

Во државата Охајо коцкањето било строго забрането, но Кинг се снаоѓал. Прво организирал лотарија, а после некое време отворил и сопствено казино. Тогаш изградил реноме меѓу локалните криминалци.

„Во глава ми беше само едно - да живеам како крал. Тоа беше моја желба. Гледав како живее тој слој - ресторани, скапа облека, убави жени. Сакав да стигнам до тоа. Што бев полош од нив?, пишува во својата автобиографија Кинг.

ПРВИТЕ НАЈТЕШКИ МОЖНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА

Во 1954 година Доналд Кинг го извршил првото убиство. Некој крадец пробал да му украде тркало на среќата, а Кинг го убил. Но не лежел во затвор, иако до тој настан повеќе пати го апселе поради криминал. На суд докажал дека го убил крадецот во самоодбрана и куртилил од затвор.

По извесно време се навлекол на бокс. Прво самиот пробал да боксува, но на турнирот “Златна ракавица“ во Кливленд го нокаутирале уште во прва рунда.

12 години по првото убиство, Кинг извршил и второ убиство. До смрт го претепал ортакот кој украл 600 долари од касата. На суд Кинг изјавил дека ортакот прв го нападнал, а тој само се бранел. Сведоците сведочеле дека Кинг безмилосно го тепал до смрт човекот.

И пак се спасил на суд. Адвокатот докажал дека било убиство без предумисла и Дон добил само 4 години затвор.

ЖИВОТОТ МУ ГО СПАСИЛ МОХАМЕД АЛИ, КОГО ПРЕД ТАЈСОН КИНГ ГО НАРЕКУВАШЕ ЦРНИОТ БРАТ

Најголем настан во кариерата на лисецот Дон Кинг се случил во 1960 година. Тогаш се запознал со правиот крал - Мохамед Али кој тогаш уште се викал Касиус Клеј.

Легендарниот боксер се прослави на Олимпијадата во Рим каде го освои златото, но не добил којзнае што од тој триумф.

Рсната дискриминација во Америка тогаш кулминирала, па Касиус Клеј како и многу други црни луѓе не го пуштале во ресторани, во кина, во театар и на други јавни собири.

Затоа Кинг држел убав ресторан во Кливленд каде Касиус Клеј можел на раат да седи. Од тогаш и почнала нивната дружба. Дон Кинг ја следел кариерата на Клеј, па скоро смислил да го извади бизнисот од сенка и да организира боксерски натпревари.

Иако во меѓувреме го извршил второто убиство, кога излегол од затвор веќе знаел што да прави. Во 1972 година го договорил Касиус Клеј да учествува во хуманитарна акција: една од големите болници во Кливленд била пред згаснување. Мохамед тогаш веќе бил икона, па тандемот брзо собрал 80.000 долари и Дон Кинг го поправил имиџот.

ПРВАТА ОРГАНИЗИРАНА БОРБА ЗА МОХАМЕД АЛИ

Првиот меч кој го организирал Дон Кинг бил еден од најголемите во историјата - оној во Заир меѓу Мохамед Али и Џорџ Форман - епска битка позната и како The Rumble in the Jungle.

Ова била прва шампионска битка во Африка.

Дури и Мохамед Али во едно интервју рекол дека со Кинг „работат за црната работа“.

Во САД никој не сакал да плати 12 милиони долари за борба меѓу два црномурни боксери. А во Заир, денешен  ДР Конго, диктаторот Мобуту кој ја урнисал земјата во една од најужасните граѓански војни во историјата, решил да плати од народни пари.

Кинг успеал да го убеди Мобуту дека така ќе го избрише имиџот на суров диктатор.

Борбата ја гледале повеќе од 1 милијарда луѓе, а настанот бил епски. Дон Кинг тогаш заработил фантастични 2 милиони долари. После неколку месеци Дон Кинг го организирал „Трилерот во Манила“, трета битка меѓу Али и Џо Фрејзер.

ЛОШ ЧОВЕК И ГОЛЕМ МАНИПУЛАТОР

Сите знаеле дека Кинг скоро никогаш не ги исполнува обврските од договорите со боксерите кои ги застапува.

„Обично промотерот ви дава милион долари, а добриот промотер ви дава три. Дон Кинг ви ветуваше десет милиони од кои ви крадеше пет, но на крај вие пак некако сте задоволни“, раскажал еднаш поранешниот светски шампион Лари Холмс.

Во 1980-та Али се согласил на борбата која Дон Кинг ја организирал против Лари Холмс. Мохамед изгубил и претрпел сериозни повреди, па го однеле во болница. Можно е од тогаш да му се развила Паркинсовата болест од која и пред неколку години почина.

Дон Кинг од таа борба добил 2 милиони долари. Али го дал на суд со барање за оштета од 1,1 милион долари, но Кинг отишол во болница кај Мухамед со адвокати и 50.000 долари за кој Мухамед бил должен да се откаже од сите барања. На Али му требале пари да го плати медицинскиот третман, па потпишал дека се откажува од оштетата.

Најмногу пари Дон Кинг заработил од борбата меѓу Евандер Холифилд и Ленокс Лус (неверојатни 115 милиони долари). За две борби меѓу Холифилд и Тајсон земал 112 милиони долари, за една организирана борба меѓу Мајк и Евандер добил 77,9 милиони долари, за 1 меч меѓу Феликс Тринидад и Оскар Де Ла Хоја земал 71,4 милиони долари а за дуелот Тајсон-Макнили добил 67,1 милион долари.