Еден од најголемите таленти на францускиот фудбал, Кингсли Коман на 16 години заигра за ПСЖ и влезе на листата најмлади дебитанти во француската Лига 1.
Во сезоната 2012/2013 одигра само три минути, доволно да добие златен медал и да го крене шампионскиот пехар со Пари Сен Жермен. Во следната 2013/2014, Коман на 17 години стана стандарден репрезентативец на Франција У21 и одигра 35 минути во новата титула за Парижаните. Со 17 години веќе освои две првенства во Франција.
Пеколната конкуренција на „Паркот на Принцовите“ влијаеше на малата минутажа на Коман па тој како слободен фудбалер поптиша со Јувентус. Во Торино во 2014/2015, првата сезона во Јувентус одигра дури 488 минути во сите натпреварувања и го прослави Скудетото.
Исто како во Париз, така и на „Јувентус Арена“ имаше многу конкуренти за место во тимот, па замина на позајмица во Баерн Минхен.
На „Алијанц Арената“ Французинот на 19 години, во сезоната 2015/2016 убедливо ја освои титулата во Бундеслига со Баварците а имаше и огромен простор за игра (1.688 минути во сите натпреварувања). Сезонава Коман по втор пат се качи на тронот во Бундес и со 20 години стигна до петтата шампионска титула во 3 Топ европски лиги.
Баерн го откупи договорот на Коман со Јувентус, но веќе има гласини дека Гвардиола летово сака по секоја цена да го види во Манчестер Сити.
Освен ако Пеп не сака да освои титула во Премиер, секако.