Кога читаш вести за фудбал од кај нас и од една Германија, сфаќаш дека тоа се две различни галаксии. Во Македонија навивачи собраа 50.000 евра за да го одржат на апарати нашиот најтрофеен клуб, а таму толку чини пари за казна. Каква? Ептен банална.
Со голот на францускиот репрезентативец Бенжамин Павар во вториот дел од финалето на Светско клупско првенство, Баерн Минхен го совлада мексикански Тигрес и стана светски клупски шампион.
Победничкиот гол во финалето на Лига на шампиони го постигна Кингсли Коман. Бекот Кимих одлично центрираше во подалечниот агол, а младиот Французин со глава ја погоди мрежата против својот роден клуб.
Во саботата Баерн го згроми Аугзбург со 1-4 и по рекорден шести пат по ред стана шампион на Германија. Шеста титула по ред во кариерата славеше и 21-годишниот Кингсли Коман.
Просто кажано, ако сакаш да освоиш титула во првенство договори го младиот Французин Кингсли Коман, талентот кој ја освои француската, италијанската и германската лига.
На денешен ден минатата година, Јувентус истрча на „Алијанц Арената“ со 2-2 од првиот меч против Баерн. До 75’ минута од реваншот на стадионот одекнуваше песната на Италијанците затоа што Јуве изненадувачки водеше 0-2. Но до 75’ минута...
Има 19 години а веќе беше шампион на Франција, Италија и скоро ќе биде во Германија. Играч е на Јувентус, кој го позајми на 2 години во Баерн Минхен без притоа да се заштити со вообичаената клаузула да не може да игра против нив.
Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус, сега фудбалер на Баерн Минхен изјави дека Швеѓанецот кој му беше соиграч во Париз не знаел да се однесува со помладите играчи и бил многу дрзок со нив. Во ПСЖ има многу кланови меѓу играчите, вели Коман.