КОМАН Е ДЕТЕ НА ПАРИЗ, НО ОТКАКО НЕ ДОБИ ШАНСА ПОВЕЌЕ ДА ИГРА, ЗАМИНА
Кингсли Коман е петтиот Французин во историјата кој дал гол во финале на Лига на шампиони (Бензема, Зидан, Десаи, Боли).
Коман е роден во Париз, а во академијата на ПСЖ дошол на 7 години. Ив Жерго, неговиот прв тренер во „петлињата“ на ПСЖ се сеќава дека Коман како крилен играч бил многу подобар од сите свои врсници:
„Памтам на еден турнир во Шпанија на кој игравме, таму беа најдобрите клубови од Европа и Коман се одвојуваше од сите играчи“.
а 17 февруари 2013-та година Кингсли влезе од клупата за резерви на мечот против Соши и стана најмладиот дебитант во историјата на гигантот од Париз - со 16 години, 4 месеци и 8 дена.
За жал, стручниот штаб не продолжи да му дава шанса, таа сезона веќе не влезе во игра, а следната сезона запиша само 2 настапи.
Коман реши да замине, а тоа го искористи Јувентус кој искористи можност да го ангажира како слободен играч затоа што на Кингсли му истекуваше договорот со ПСЖ.
„Во Пари Сен Жермен младите играчи се оставени на страна. Нив им требаат победи и титули и сега младите тешко наоѓаат место. Мене престанаа да ме ценат кога сфатија дека јас ќе заминам. А во Јувентус не е така. Таму нема конкуренција меѓу младите играчи и ветераните - има само конкуренција меѓу професионалци“, се пожалил тогаш Коман за францускиот Canal+.
За волја на вистината, после една сезона Јувентус го пушти Коман на 2-годишна позајмица во Баерн Минхен и заработи 7 милиони евра. А после Германците исплатија уште 21 милион евра и го откупија неговиот договор од „Старата дама“.
ФРАНЦУЗИНОТ ПОСТОЈАНО БЕШЕ ПОВРЕДЕН, РАЗМИСЛУВАЛ ДУРИ И ДА ПРЕКИНЕ КАРИЕРА
Во Минхен, Кингсли Коман дури 5 пати ја освои титулата во Бундеслига, но најчесто влегуваше од клупата за резерви. За се беа криви повредите: Французинот никако не успеа да влезе во топ форма а да не се повреди.
Во декември 2018-та Коман сериозно се повредил и дури постоел ризик тој целосно да ја прекине кариерата. Тогаш ни на крај памет не му паѓало дека ќе игра финале на Лига на шампиони кое херојски ќе го реши.
„За мене оваа година беше многу тешка. Кога се повредив за мене тоа беше крај на светот. Се надевам дека веќе нема да проаѓам низ тоа низ што поминав. Доста е. Нема по трет пат да се оперирам. Како моите нозе да не се предодредени за таков живот. Можно е да почнам нов“.
Тогаш во декември 2018-та поминал без операција, а опоравокот му траел до февруари 2019. После тоа имал уште неколку ситни повреди и не пропуштал повеќе од 2 недели фудбал.
ИМАЛ ПОТАЈНА ЖЕЛБА ДА СЕ ВРАТИ ВО ПСЖ
Во интервју за реномираниот Bild, Кингсли признал дека не сака да игра во Баерн до крајот на кариерата.
„Ако некогаш заминам од Баерн треба да прејдам во уште поголем клуб. Но таков не постои. Има само една варијанта, да се вратам во саканиот клуб од детството, ПСЖ“.
Дури сега после грандиозната победа над Париз во финалето, Коман признал дека колку е среќен, толку и му е жал за поразот на ПСЖ.
„Неверојатни чувства. Пресреќен сум, но во исто време и тажен за ПСЖ, нивниот пораз ми го рани срцето. Иако сега сум 100% верен на Баерн“, рекол Кингсли по големото финале на кое стана најдобар играч.
За ПСЖ игра најдобриот другар на Коман, со Преснел Кимпембе се знаат од 14 години. Заедно одат на одмор и многу се дружат. Во младинците секогаш биле заедно во иста соба цимери.
„Секогаш се поддржувавме еден со друг. Преснел ми е како брат. Живеевме заедно, тоа не зближи. Јас спремав а тој одговараше за чистењето“, вели Коман.
Финалето на Лига на шампиони 2020 ќе се памети по тоа што го реши младиот Французин во дрес на Баерн Минхен и тоа против неговиот сакан матичен клуб кој не му даде шанса.