Коман е повремен француски репрезентативец роден во 1996 година во Париз. Кога неговите виделе дека непрестано ја шутира топката по цели денови и дека мисли само на фудбал, го запишале во локалниот клуб УС Сенар-Мојси во 2002 година кога имал само шест години.
По две години поминати во локалниот клуб, го скаутирале луѓето од Пари Сен Жермен кои го поканиле во нивната младинска академија во 2004 година. По девет години во сите младински категории на ПСЖ, Коман го имаше професионалното деби за првио тим во 2013-та против Сошо кога влезе во игра место Марко Верати.
Како што секој преоден рок клубот стануваше се посилен, така Коман губеше место од пеколната конкуренција. Но тоа не му сметаше да ја освои првата титула и тоа на 16 години во ПСЖ.
Од тој момент па натаму Коман секоја година ја пополнуваше колекцијата.
Шампион на Франција стана во сезоната 2012/2013 кога одигра само 3 минути без постигнат гол ниту асистенција. Титулата во Лига 1 ја прослави и во следната 2013/2014 на возраст од 17 години кога забележа 35 минути на теренот без гол и асистенција.
Се пресели во Јувентус како солидно засилување и во Торино играше далеку повеќе. Во сезоната 2014/2015 уште веднаш ја освои титулата, наполни 18 години и веќе имаше три титули по ред. Кингсли Коман таа сезона одигра дури 488 минути и беше меѓу постандардните во клубот. Запиша две асистенции.
Од Јувентус замина во Баерн Минхен и очекувано брзо и се израдува на „салатарата“. На 19 години ја освои четвртата титула по ред во една од европските Топ-5 лиги. Баерн стана шампион во сезоната 2015/2016 а Коман одигра дури 1.688 минути со 4 постигнати гола и дури 6 асистенции!
Минатата 2016/2017 пак освои титула со Баерн на свои 20 години. Одигра 827 минути постигна 2 гола и имаше 1 асистенција а минатиот викенд со шеста титула по ред во Топ-5 лигите влезе на вечната листа играчи кои освојувале волку шампионски пехари.
Сезонава кај Анчелоти и Јуп Хајкенс одигра 1.149 минути и се израдува на 3 гола и 3 асистенции.
Со вакво темпо Коман брзо би можел да дојде и на листа на неприкосновените кои имаат најмногу шампионски титули во историјата:
13 - Рајан Гигс (Манчестер јунајтед)
12 - Гери Невил (Манчестер јунајтед)
12 - Пако Хенто (Реал Мадрид)
11 - Пол Сколс (Манчестер јунајтед)
11-2 (?) - Златан Ибрахимовиќ (Јувентус (?), Интер, Барселона, Милан, ПСЖ)
10 - Арјен Робен (Челси, Реал, Баерн)
9 - Тиаго Алкантара (Барселона, Баерн)
8 - Патрис Евра (Манчестер јунајтед, Јувентус)
8 - Андрес Иниеста (Барселона)
8 - Лионел Меси (Барселона)
*Се сметаат само титули освоени во првенствата на Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција кои важат за најдобрите европски лиги. На тој начин Кингсли Коман има повеќе шампионски титули од едни Кристијано Роналдо, Тиери Анри, Лусио или Михаел Балак.
Ако ги земеме предвид сите први лиги во Европа, рекордот го држи норвешкиот фудбалер од среден ред Роар Странд кој освоил дури 16 шампионски титули во својата земја со Розенборг!
Со 6 титули по ред Кингсли Коман е уште поблизу и до еден неверојатен рекорд: најмногу освоени титули по ред. Повеќе од него имаат само Артуро Видал и ѕвездите на Лион од почетокот на ’2000-те кога тимот од „Жерлан“ газеше.
Во ова друштво е и Џиџи Буфон кој има 6 и наскоро би можел да им се придружи на овие со по 7 титули по ред:
7 - Артуро Видал (Јувентус, Баерн)
7 - Грегори Купе (Лион)
7 - Сидни Гову (Лион)
7 - Жунињо Пернамбукано (Лион)
7-2 (?) - Златан Ибрахимовиќ (Јувентус (?), Интер, Барселона и Милан)
6 - Џиџи Буфон, Киелини, Барѕаљи, Лихштајнер и Клаудио Маркизио (за пар недели би можеле сите да имаат по 7 титули по ред)
6 - Кингсли Коман (ПСЖ, Јувентус, Баерн).