Кинеската компанија која што го купи францускиот клуб Сошо-Монбелијар, кај нас познат само како Сошо, никогаш не изгледала како достоен заменик на автомобилскиот производител Peugeot SA којшто го продаде клубот во 2015-та, после цели 87 години сопственост на истиот.
Купувачот на Сошо е компанија која што се занимава со ЛЕД осветлување и која што управува со имот на Народната Ослободителна Армија во Шангај - квалификации не баш прикладни за ожиувување на тим кој се бори за враќање во првата Француска лига по испаѓањето пред две години.
Сега, Ли Винг Санг, шефот на Tech Pro Technology Development Ltd од Хонг Конг се соочува со банкрот. Акциите на компанијата паднале дури за 92% и сега изнесуваат само 2 центи, очекуван пад по загубата од 1,7 милијарди долари на пазарот. Во август, судот во Хонг Конг замрзнал некои од сметките на Ли, одлука според која Tech Pro не се одразила многу на компанијата.
„Не ја разбираме одлуката на Пежо да го продаде клубот на овој инвеститор. Ни требаа само неколку часа и неколку клика на Интернет за да најдеме доволно лоши работи за нив и многу сме сомнителни околу нивното работење“, вели Фабрис Лефевре, претседател на Фан клубот на Франција.
Целата сага околу Кинезите во индустрискиот град Монбелијар во источна Франција сега фрла голем ризик врз бранот на кинески инвестиции во европскиот фудбал. Во 2015. година се склучиле повеќе договори меѓу кинески компании и европски клубови во вредност од повеќе од 2 милијарди долари.
Кинези ги купија Милан и Интер во Италија, Астон Вила во Англија, РЦД Еспањол во Шпанија и имаат помалку од 50% акции во Манчестер Сити и Атлетико Мадрид. Сите овие тимови освен Астон Вила играат во најдобрите лиги на своите земји.
Навивачите не се единствени со прашања за сомнителната компанија Tech Pro и нејѕиното купување на клубот Сошо ѕа 7 милиони евра (7,8 милиони долари). Во септември 2015. година, Дејвид Веб акционер и поранешен член на бордот кој присуствувал на купо-продажбата со компанијата од Хонг Конг вели дека оваа фирма е „меур од сапуница“.
Годинава две помали фирми ги дале на суд.
„Навистина нема смисла една фирма загубар која се занимава со ЛЕД осветлување да купи француски фудбалски тим кој исто е во загуба на пари“, изјави Дан Дејвид за Блумберг ТВ во август.
Во Монтебелијар во близина на Сошо, навивачите се алармирале после вестите од Хонг Конг. Изминатиов септември сопственикот Ли повторно паднал во банкрот, а компанијата не се огласува во врска со тоа.
„Кога Ли го купи тимот, рече дека има големи амбиции и дека е спремен да изгради голем тим кој ќе се врати во првата лига и ќе игра во Европа. Кажа како е спремен да инвестира околу 100 милиони евра во клубот. Со само неколку милиони евра клубот ќе можеше да изгради солиден тим. Не видовме ништо од тоа“, вели Лефевре од овој град во источна Франција.
За време на летниот преоден рок кога играчите може да прават трансфери меѓу клубовите, повеќе играчи го напуштиле Сошо отколку што дошле во тимот. Овие информации може да се проверат во базата податоци на реномираниот спортски весник l’Equipe.
Што е најважно, клубот Сошо не платил за ниту еден играч кој дошол туку или ги земал на позајмица или како слободни фудбалери. Сезонава почна на 29 јули и ќе заврши во мај. Сошо сега имал недостиг од двајца играчи на клучни позиции.
После 10 кола во втората лига каде сезоната има 38 меча, Сошо има три победи, шест нерешени и еден пораз и е шестопласиран, далеку зад третото место кое води во бараж мечот за влез во првата лига. Следниот меч на Сошо е на 17. октомври против Ленс кој во моментов е четврти.
„Ниту ја почнавме сезонава како фаворити за промоција во Лига 1 и се плашам дека немаме екипа за такво нешто“, жално заклучува Лефевре.
Во прилог на тоа се потсетивме на Среќко Шоиќ и состанокот со Сингапурците: